Контакт

Македонија

И последниот амандман доби „зелено светло“ од Комисијата за уставни прашања

Објавено пред

Со девет гласа „за“, пет „против“ и без воздржани, собраниската Комисија за уставни прашања попладнево го усвои последниот нацрт-амандман, со што заврши расправата во Комисијата за четирите нацрт-амандмани.

На четвртиот амандман со кој се гарантира македонскиот идентитет, се предлага да се додаде дека Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината.

Претходните неколку дена во Собранието, на комисиката расправа поминаа трите нацрт-амандмани кои Владата пред околу една недела ги достави до Собранието.

Следен чекор е пленарната седница што ја закажа претседателот на Собранието, Талат Џафери, на 1 декември. Потоа, во последната фаза од постапката за менување на Уставот, повторно ќе биде потребно двотретинско мнозинство. Според роковите, очекувањата се целиот процес на усвојување на уставните измени да заврши во втората половина на јануари 2019 година.

Измените на Уставот се очекува да стапат на сила откако грчкиот Парламент ќе го ратификува договорот помеѓу Македонија и Грција, како и откако Грција ќе го ратификува протоколот за пристап на Република Македонија во НАТО.

Македонија

Двајца доктори од Скопје и Штип ќе ја организираат работата на Инфективното одделение во Куманово

Објавено пред

Двајца доктори од Штип и Скопје ќе работат на Инфективното одделение во Куманово, откако 11 доктори заболеа од коронавирусот, посочи на денешната прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што рече тој, заболувањето на 11 доктори од Инфективното одделение Куманово ја компромитира работата на тамошната болница.

Филипче кажа дека се прават епидемиолошки анкети, за да се утврдат контактите со други лица и да се спречи локалната трансмисија на вирусот.

„Во кумановската болница имаме 11 позитивни случаи со коронавирус. Оваа бројка ја компромитира работата на Инфективното одделение бидејќи и претходно имаше еден од останатите здравствени работници. Двајца доктори се упатени таму. Тие се од болниците од Скопје и Штип кои ќе ја организираат работата на Инфективното одделение во Куманово. Сè уште траат епидемиолошките анкети бидејќи има повеќе позитивни здравствени работници од рендген-дијагностика и во делот на општите лекари од дежурната служба. Врз основа на тие анкети, а и тоа колку лица ќе бидат во изолација, ќе се организира и останатиот дел од болницата“, рече Филипче.

Според него, мерката за продолжување на полицискиот час во Куманово ќе даде резултати за вирусот да не се шири.

„Тој ќе трае од денеска во 21 часот до понеделник во 5 часот. Од понеделник ќе трае од 16 часот до 5 часот следниот час. Ова е дискутирано на вториот состанок, а треба да оневозможи ширење на вирусот. Можам да кажам дека иницијалниот откриен прв случај на здравствен работник беше за нецели 48 часа по контактот со починатата пациентка. Тоа носи заклучок дека вирусот циркулирал претходно. Уште тогаш, дополнително на тие мерки кои важеа во државата, се сопре градскиот и меѓуградскиот сообраќај во Куамново. Голем е ризикот за внатрешен пренос помеѓу луѓето кои живеат во самата општина. Тоа доведе до оваа мерка, за целосна рестрикција за да се прекине локалната трансмисија“, посочи Филипче.

Тој тврди дека е многу тешко да се каже дали сите инфицирани здравствени работници се разболеле од првата пациентка.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Целосна забрана за движење во Куманово за време на викендот

Објавено пред

Владата донесе одлука за забрана и посебен полициски час во Општина Куманово, односно целосна забрана за движење за време на викенд, почнувајќи од 21 часот во вечерва (петок) до 5 часот во понеделник.

Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16 до 5 часот.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на атарот на кумановските села, исклучиво за работни потреби.

Оваа одлука на Владата следува откако денеска беше соопштено дека заболени со коронавирус се 11 доктори од тамошната болница, а исто така од новозаразените 46 лица за кои беше информирано денеска, половината, односно 23 се од Куманово.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Донација од Словенија во вредност од 110 илјади евра во заштитна опрема за македонските полицајци

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска, на Меѓународниот аеродром „Скопје“ ја прими донацијата од владата на Република Словенија за МВР, која се состои од 100 илјади маски и 100 илјади ракавици во вкупна вредност од 110 илјади евра.

,,Имајќи го предвид моментот во кој доаѓа, помошта е од исклучително значење за нас. Во оваа пригода сакам, пред сè, во мое и во името на Министерството за внатрешни работи да им се заблагодарам на словенечкиот премиер, Јанез Јанша, и нашите пријатели од Словенија. Секоја донација и секоја помош се исклучително важни и значајни за Министерството за внатрешни работи и таа ќе ги зајакне и поддржи нашите секојдневни напори за заштита на полициските службеници, кои во рамките на своите работни обврски и задачи деноноќно се изложени на ризик од зараза со коронавирусот“, истакна министерот Чулев.

„Чест ми е што сме прва земја членка на Европската Унија и НАТО што дава билатерална донација за полициските службеници и задоволството од овој факт е навистина големо“, истакна амбасадорот на Република Словенија, Милан Јазбец.

Министерството за внатрешни работи останува посветено во процесот, првенствено за соодветна контрола на спроведување на мерките и одлуките што се донесени од страна на Владата, а потоа и во обезбедување соодветна заштитна опрема за своите вработени сè со цел соодветна превенција од пандемијата со која се соочуваме, додаде Чулев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

Двајца доктори од Скопје и Штип ќе ја организираат работата на Инфективното одделение во Куманово

Двајца доктори од Штип и Скопје ќе работат на Инфективното одделение во Куманово, откако 11 доктори заболеа од коронавирусот, посочи...

Македонија1 час

Целосна забрана за движење во Куманово за време на викендот

Владата донесе одлука за забрана и посебен полициски час во Општина Куманово, односно целосна забрана за движење за време на...

Топ3 часа

Притвор за двајцата насилници што тепаа девојче во Штип

Судот определи притвор за тепачите што малтретираа девојче во Штип. Тие ќе останат во притвор осум дена додека Овинителството да...

Македонија3 часа

Почина уште еден пациент од коронавирус, бројот на новозаразени е 46, а на излекувани три

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст...

Македонија4 часа

Државниот инспекторат за труд апелира работниците да пријават присилно отпуштање

Бидејќи некои од работодавците на вработените им поделија спогодби за напуштање на работните места за време на корона-кризата, Државниот инспекторат...

Економија5 часа

(Видео) Лицата што останале без работа добиваат брз влез во системот на социјална заштита

Лицата што останале без работа или биле дел од неформалната економија добиваат брз влез во системот на социјална заштита, најавија...

Економија5 часа

Бектеши: Ќе се укине забраната за извоз на брашно, резерви храна има доволно

Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави дека ќе се укине забраната за извоз на брашно. Тој рече дека од почетокот...

Македонија5 часа

Град Скопје се откажа од кредитот за луна-паркот, ја намали и таксата за закуп на јавен простор

Град Скопје ја намали комуналната такса за закуп на јавен простор од 15 на 5 денари за квадрат, колку што...

Економија6 часа

ЕУ понуди пакет од 100 милијарди евра за спречување на отпуштањето работници

Европската комисија предложи нов финансиски пакет за да се обезбеди целосна исплата на работниците во компаниите погодени од пандемијата на...

Македонија8 часа

Телефонска психолошка поддршка и за трудниците и за родилките, како и за лицата со нарушен слух, говор и глас

Министерството за здравство информира дека во соработка со Клиниката за психијатрија отворени се уште три нови телефонски броеви за психолошка...

Регион8 часа

„Твитер“ избриша повеќе од 8.500 налози поврзани со Вучиќ

Компанијата „Твитер“ соопшти денеска дека избришала над 8.500 налози за промоција на српскиот претседател Александар Вучиќ и Српската напредна партија....

Регион8 часа

Расте бројот на бугарски пратеници заразени со вирусот

Уште двајца бугарски парламентарци се позитивни на тестот на коронавирусот. Станува збор за претседателката на парламентарната група на владејачката централнодесничарска...

Свет9 часа

Трамп незадоволен кога затвореници во САД завршија на слобода поради коронавирусот

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека не му се допаѓа одлуката на затворските власти во Калифорнија, Мичиген и во Пенсилванија...

Свет9 часа

Кинеските власти објавија 31 нов случај на коронавирус

Кинеските власти соопштија дека има пријавено 31 нов случај на коронавирус, при што 29 се поврзани со лица од странство,...

Регион10 часа

Сасоли: ЕУ бара начин како да му помогне на Западен Балкан да се справи со пандемијата

„Живееме во време на предизвик без преседан, предизвикан од пандемијата со Ковид-19. Глобалните проблеми не може да имаат национални решенија...

Свет21 час

Британија го зголемува бројот на дневни тестирања на 100.000

Британскиот министер за здравство вети за десетпати дека ќе го зголеми бројот на дневните тестирања на коронавирус, со што до...

Свет21 час

Над еден милион луѓе се заразени со коронавирус во светот

Бројот на заразени со коронавирус во светот достигна еден милион и сега изнесува 1.000.168, покажуваат податоците на страницата „Ворлдометерс“. Од...

Македонија24 часа

На коронавирус позитивен психијатар од Демир Хисар, колегите од болницата испратени во изолација

Во Психијатриската болница во Демир Хисар доктор психијатар кој работел во болницата е позитивен на коронавирусот, информираше министерот за здравство,...

Свет1 ден

СЗО: Над 95 отсто од починатите од коронавирус во Европа се лица над 60 години

Шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, рече дека официјалните податоци покажуваат дека повеќе од...

Економија1 ден

Финансиска помош и за занаетчиите и вршителите на самостојни дејности

Владата денеска ја донесе уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица што вршат самостојна дејност, а кои...

Досие