Македонија
И Северна Македонија меѓу земјите кои бараат ослободување на Навални

На заедничката изјава на Советот за човекови права, со која се повикува Руската Федерација за итно и безусловно ослободување на Алексеј Навални и сите лица кои се незаконски или произволно лишени од слобода, потпишана и Северна Македонија, веста ја пренесуваат повеќето регионални медиуми.
Во изјавата, потпишана од 45 други земји, се изразува загриженост за влошувањето на човековите права и основните слободи во Руската Федерација.
„Апсењето на Навални и изрекувањето на казна се засноваа на претходната пресуда што Европскиот суд за човекови права ја прогласи за произволна и очигледно неразумна.Тоа се случи во контекст на обидот да се отруе овој руски државјанин, без настанот да биде соодветно истражен и веродостојно објаснет“, беше наведено во изјавата потпишана во рамките на 46-та седница на Советот за човекови права, цитирана од некои медиуми во регионот.
Земјите потписнички се загрижени и за големиот број на самоволни апсења на демонстранти кои изразија поддршка за Навални во многу руски градови.
На списокот на држави потписнички се вклучени и Црна Гора, Албанија, Хрватска, Франција, Германија, Велика Британија и САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Разбиена група на нарко-дилери, запленета дрога во вредност над 800 илјади евра

Полицијата разбила организирана криминална група на нарко-дилери, пришто приведени се 6 лица, а запленета е дрога во вредност од над 800 илјади евра.
Од МВР сооштија дека е поднесена е кривична пријава против Д.Ј.(35) од Струмица, А.У.(45) од Скопје. М.З.(29) од Куманово, М.С.(36) од Битола, К.С.(46) од Прилеп, Г.К.(25) од Скопје, поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Осомничените, меѓу кои има и полициски службеник, биле затекнати со марихуана со вкупна тежина од 199, 444 килограми.
„На почетокот на овој месец првоосомничениот струмичанец (34), откако пронашол потенцијални купувачи на наркотичната дрога марихуана, договорил неовластена набавка на дрогата со второосомничениот скопјанец (45) кој дрогата ја држел на засега неутврдена локација. Тој ги ангажирал останатите осомничени и тоа 36 годишниот битолчанец неовластено ја пренесе дрогата од неутврдената локација до паркинг простор во с.Радобил, прилепско, а останатите осомничени – 24 годишен скопјанец, 46 годишен прилепчанец и 24 годишен кумановец со возила што тие ги управувале да го придружуваат движењето на возилото со кое се вршело пренесување на наркотичната дрога – марихуана“, велат од Обвинителството.
Купопродажбата била договорена со непознато лице од Грција и требало да се реализира во текот на вчерашниот ден на паркинг просторот во селото Радобил. Првоосомничениот откако со второ осомничениот ги договориле деталите на примопредавањето на дрогата и улогите на останатите осомничени се упатил кон Гевгелија. Наркотичната дрога спакувана во 40 картонски кутии била префрлена од ТМВ марка Ивеко со македонски национални регистарски ознаки во ТМВ комбе Цитроен Џампер со грчки национални регистарски ознаки, а осомничените се упатиле во различни правци. Осомничениот кој го управувал ТМВ марка Ивеко се упатил кон Прилеп, додека останатите осомничени со три патнички моторни возила и ТМВ во кое била дрогата движејќи се во колона еден зад друг се упатиле на магистралниот пат Прилеп-Градско во правец кон Градско. Кога пристигнале на клучката за с.Раец биле запрени од страна на полициски службеници на МВР и по извршениот претрес, лишени од слобода. Во исто време во Прилеп е лишен од слобода осомничениот што го управувал ТМВ марка Ивеко, а во Гевгелија, на бензинска пумпа, бил лишен и првоосомничениот – организатор на криминалната група.
При претресот кај А.У. во стан во Скопје пронајдено е поголемо количество оружје, муниција, гранати, барут и делови за оружје, а при претрес извршен во стан во Битола, кај него се пронајдени 13.600 евра и 50 илјади денари, колекција луксузни часовници, како и документација за фабрики за производство на марихуана во медицински цели.
По наредба на судија во соработка со Комисијата за оценување на исполнетост на условите и контрола за производство на медицински канабис при Министерството за здравство, во текот на ноќта е извршена контрола и во две фабрики за производство на медицински канабис во Прилеп и во Битола, со кои соработувал А.У..
При претрес кај М.З. во Куманово, пронајдени се два пиштола и куршуми, а поголема количина парични средства се пронајдени и при претрес кај К.С. во Прилеп, кој е полициски службеник.
При претресот кај Д.Ј. од Струмица пронајдени и одземени се мобилни телефони и сим картички, парични средства, а при негов личен претрес е пронајдена марихуана. Претрес бил извршен и кај М.С. во Битола, при што биле пронајдени парични средства и обоени банкноти од евра кои потекнуваат од кражба на банкомат.
Сите шест лица се приведени и денеска ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд, а продолжува интензивна истрага со цел идентификување на други инволвирани лица во неовластена набавка, држење, пренесување и продажба на наркотична дрога.
Истрагата на македонската полиција била спроведена со поддршка на Американската служба за борба против дрога – ДЕА и траела повеќе месеци.
Македонија
МЗ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири дека вакцинацијата се одвива без никаков проблем

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека вакцинацијата на територија на цела држава се одвива без никаков проблем, наведува Министерството за здравство, реагирајќи на протестот на опозициската партија поради менаџирањето на власта со состојбата со коронавирусот.
„Вакцинацијата во време на светска пандемија е сериозен здравствен процес, колку тоа на ВМРО-ДПМНЕ да им наликува на „преправање“ (симулација). Тажно е што опозициската партија безидејно обидувајќи се да профитира политички се потсмева со вакцинирањето на лицата со најголем ризик од заболување, односно возрасните граѓани постари од 76 години. ВМРО-ДПМНЕ се потсмева со вакцинирањето на здравствените работници, полицијата, армијата, наставничките, негувателките, воспитувачките во граднинките, возачите во ЈСП, се потсмева со вакцинирањето на луѓето кои се дел од критичната инфраструктура во државата, со чија вакцинација, се овозможува непречено функционирање на општеството. ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот за беспрекорната организација на масовната имунизација во А1 СЦ „Борис Трајковски“. На ВМРО ДПМНЕ му сметаат, насмеани лица на граѓани по вакцинација, на опозицијата и сметаат позитивните коментари од граѓаните кои ја примиле вакцината“, наведува Министерството за здравство.
Во реакциијата се додава и дека ВМРО ДПМНЕ во време на пандемија прави само штета.
„Во време на рестриктивни мерки, полициски час, одлучија да се групираат и да протестираат. Жалиме што опозицијата од почетокот на пандемијата не придонесе со ништо за заштита на здравјето на граѓаните“, велат од министерството.
Македонија
(Видео) Костовски: Заради лични интереси Мицкоски се обиде да загрози полициска акција

Ниту еден обид на ВМРО-ДПМНЕ за извртување на вистината не може да го сокрие фактот дека токму Христијан Мицкоски се обиде да саботира сложена полициска акција преку јавно објавување на информации, вели Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.
Како што објави и самото Министерство за внатрешни работи, истрагата за пасошите се водела подолг период бидејќи се преземале дејствија кои имаат и меѓународни импликации.
„Заради лични интереси Мицкоски се обиде да загрози полициска акција и соработка на нашата полиција со стратешките партнери. Мотивите и целите за ваквите постапки треба да ги даде независна и професионална истрага пред надлежните инситуции. ВМРО-ДПМНЕ е симбол за фалсификувани патни исправи, Мицкоски е симбол за бранител на криминалот и тоа е докажано многу пати досега“, рече Костовски.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет4 недели
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш