Македонија
И член на ДНК меѓу осомничените за пожарот поради употребата на пиротехниката
За внесувањето и употребата на пиротехничките средства е осомничен и еден член на музичката група ДНК, објави јавниот обвинител, Љупчо Коцевски.
„Постои сомнение дека членовите на бендот околу 2.32 часот како дел од сценскиот настап и ефект ги активирале експлозивните материи – пиротехнички фонтани, кои исфрлале искри во правец на плафонот над сцената, од кои веднаш се опожарил покривот од објектот и пожарот се проширил на целиот објект“, рече обвинителот.
Одговорните лица во дискотеката, кои се осомничени за пожарот во Кочани, и членовите на обезбедувањето не спречиле за потребите на настапот на групата ДНК да се внесат во угостителскиот објект и да се употребат експлозивни материи – пиротехнички фонтани иако за тоа дејство немале задолжителна дозвола издадена од надлежни органи за да ракуваат со пиротехнички средства ниту, пак, просторните услови дозволувале употреба на такви пиротехнички средства.
Тој претходно рече и дека за концертот имало само устен договор, објектот бил пренатрупан и им биле продавани карти на деца, независно од возраста.
Основното јавно обвинителство Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка против вкупно 27 лица и три фирми за тешки дела против општата сигурност.
Коцевски објави дека сите осомничени во периодот од 2012 година до 16 март, заеднички, но секој од аспект на своето својство, надлежности и одговорности, воопшто не постапиле според прописите за мерките за заштита и со тоа предизвикале опасност од големи размери.
Меѓу осомничените, како што претходно беше познато, се сопствениците и управителите на клубот, управителка на фирма од Кочани, која го изготвила проектот, поранешниот министер за еконмија, Бектеши, службеник од Министерството за економија, кој зел мито од сопственикот на клубот да за изготви лиценца. Потоа, поранешен државен секретар, раководител на сектор, раководител на одделение и помлад соработник, кои и во моментот работат во Министерството, но на други раководни позиции. Осомничени се и поранешен директор на Државниот пазарен инспекторат и три службени лица инспектори кои во ниту еден наврат, во период од пет години, не извршиле контрола над работењето на правното лице за да утврдат дали има важечка лиценца.
Осомнични се и тројцата градоначалници на Кочани во периодот од 2012 година до 16 март 2025 година, како и двајца поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

