Македонија
Глоба за 455 луѓе поради неносење заштитни маски

Во текот на изминатото деноноќие (8-9 јули 2020 година) на територијата на Република Северна Македонија во однос на мерката за неносење лична заштита на лицето регистрирани се 455 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Царовска: Средношколците имаат право на матура, а МОН има обврска да им ја обезбеди

Министерството за образование и наука има законска обврска да им обезбеди право на полагање државна матура на учениците, посебно на оние кои сакаат да продолжат во високо образование. Ова го нагласи министерската за образование и наука Мила Царовска одговарајќи на новинарско прашање за бојкотот на наставата од дел на средношколците.
„Од првиот ден откако сум во МОН сме во континуирана соработка и разговори со Сојузот на средношколци. Тие имаат различни размислувања и различни барања. Последниот состанок беше пред една недела, кадешто утврдивме дека матурата оваа година се одвива согласно законот. Средното образование е задолжително во државата и токму затоа е важно да го почитуваме правото на учениците коишто сакаат да полагаат матура“, изјави Царовска.
На утринскиот состанок, директорите на средните училишта информирале дека бојкотираат само дел од ученици.
„Важно е учениците да ја прочитаат и концепцијата за матура и законот и да одлучат на кој начин ќе полагаат матура оваа година. Министерство за образование и наука и општините коишто директно менаџираат со средните училишта, имаат обврска да го обезбедат правото на учениците коишто сакаат да полагаат матура. Учениците коишто не сакаат да полагаат државна матура, имаат можност да полагаат училишна матура. Токму таму има два предмета и проектна задача или оние коишто се во стручните училишта имаат можност да полагаат стручен испит, исто се два, еден задолжителен предмет, еден изборен предмет и проектна задача. Затоа велам, државната матура е изборна, а наша обврска како министерство е да го обезбедиме правото на полагање на матура, посебно на оние ученици коишто сакаат да го продолжат своето образование во високообразовни установи во нашата држава и надвор од неа. Минатата година бевме негативен исклучок во регионот и во светот и наши ученици не успеаја да се запишат на високорангирани универзитети во светот“, рече Царовска.
Според податоците од училиштата, полагање на матура имаат пријавено над 14.000 матуранти, а испитите ќе се одржат според концепцијата утврдена уште на почетокот на оваа учебна година.
Македонија
Спасовски на средба со претставници на Македонскиот полициски синдикат

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, имаше средба со претставници на Македонскиот полициски синдикат предводени од претседателот Марјан Кицев. На средбата се разговараше за можните предизвици и насоки во делот за подобрување на условите за работа на полициските службеници.
Спасовски потенцира дека Министерството за внатрешни работи го заврши својот дел од обврските во врска со почнувањето градба на новиот центар за странци во Стенковец, објект од особено значење со кој земјава ќе ги обезбеди стандардите на ЕУ за третманот на лицата странци до нивното формално регулирање на статусот во државата. Министерот Спасовски ги информира претставниците на Македонскиот полициски синдикат дека досега се реновирани над 50 објекти во МВР, а во моментот се работи на СВР Куманово, Ресен и на Ростуше и ова динамика ќе продолжи и понатаму сè со цел подобрување на условите за работа на вработените. На средбата, меѓу другото, министерот Спаосовски информира дека многу бргу ќе се почне со испорака на новите униформи за полициските службеници.
Од Македонскиот полициски синдикат изразија благодарност до министерот Спасовски за досегашната поддршка и посветеност во реализацијата на голем дел успешно завршени проекти, како и за заложбите на министерот за значително подобрените услови за работа на полицијата и полициските службеници.
Македонија
Шахпаска: Приоритет е брза и ефикасна постапка за заштита на жртвите од семејно насилство

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска учествуваше на завршната конференција во рамките на проектот „Евалуација на стандардите за фер судење и пристап до правдата во судски предмети за семејно насилство и криминал од омраза“, во организација на коалицијата „Сите за правично судење“ .
Министерката во своето обраќање до присутните учесници се осврна на заложбите што се прават од страна на Министерството за труд и социјална политика во поглед на сузбивање, превенција и заштита од семејното насилство.
„Регулирањето на семејното насилство во позитивното законодавство ја вбројува Северна Македонија во редот на држави што, покрај задолжителното давање соодветна заштита на жртвата на семејно насилство, воведоа и комплементарна правна заштита на жртвите во овие случаи“, посочи министерката Шахпаска. Таа истакна дека во нашата држава семејното насилство е регулирано и со граѓанското и во казненото законодавство.
„Првпат семејното насилство во нашето законодавство е воведено во 2004 година, а во изминатиот период направени се повеќе измени на законите, кои придонесоа за промени и во релациите на полето на историската прифатеност на семејното насилство; општествената улога на мажите и жените; приватноста и семејството; прашањата на моќта, авторитетот и легитимноста; законодавството и правниот систем; премолчeните културни обичаи и правила за доминантното машко/женско однесување, чувства и реакција и влијанието на медиумите во справувањето со овој вид насилство“, посочи Шахпаска. Но, во 2014 година, појасни министерката, е донесен првиот системски Закон за превенција, спречување и заштита од семејното насилство, кој имаше цел да се создаде сеопфатна правна рамка, со која системски ќе се унапредат состојбите против семејното насилство во нашата земја преку креирање координиран и интегриран систем во сите подрачја на дејствување.
„Владата во 2018 година одлучи и го почна процесот за изготвување нов закон за насилство врз жени и семејно насилство. Ова законско решение во моментот е во финална фаза на донесување во Собранието на РСМ. Со овој нов закон се уредува: постапувањето на институциите со должно внимание при заштитата на жените од сите форми на родово базирано насилство и жртвите на семејно насилство; меѓусебната координација на институциите и организациите; мерките за превенција од родово базираното насилство врз жените и семејното насилство; собирањето податоци за родово базираното насилство врз жените и семејното насилство; брзо и ефикасно постапување на институциите, особено судот во постапувањето и изрекувањето итни и привремени мерки за заштита; ослободување на жртвите од судски трошоци во текот на судската постапка и жртвата има право да поднесе тужба пред граѓански суд за утврдување одговорност за непостапување со должно внимание од страна на надлежните институци.
Министерката истакна дека особено значајно е што со новиот предлог-закон ќе се донесе и програмата за реинтеграција на жртвите на насилство, со која ќе се фокусира на препознавање на жртвите како посебна ранлива категорија и развивање мерки за помош и поддршка врз основа на нивните потреби преку модели за привремено домување, психичко советување со менторство, разни видови финансиска помош специфично наменети за жени жртви на насилство, можности за образование и обуки во разни области, како и мерки за вработување утврдени со закон.
За Министерството за труд и социјална политика и за Владата приоритет е брза и ефикасна постапка за заштита на жртвите, нивна реинтеграција во системот и обезбедување превенција во насока на намалување на насилството, истакна министерката.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот