Контакт

Македонија

Камчев: Не е срамота да се разговара за криминал

Објавено пред

Бизнисменот Орце Камчев во денешното сведочење за случајот „Тортура“ во врска со разговорот за апсењето на Љубе Бошкоски, меѓу него и новинарката Оливера Трајковска, рече дека комуникацијата се случила затоа што предметот бил интересен и сите во Македонија разговарале за апсењето на лидерот на Обединети за Македонија.

„Сите разговараа за тоа зашто многу беше интересен предметот. Не е срамота да се разговара за криминал, сигурно и вие сте разговарале за тоа“, му рече Камчев на обвинителот на СЈО, Љубомир Лапе.

Прашан од обвинителот што знае за апсењето на Бошкоски, Камчев кажа дека му било познато дека одреден човек примил мито да преговара за име, дека МВР го уапсила и ништо повеќе.

Камчев на крајот од сведочењето кажа дека не верува дека аудиоснимките се вистинити и може да се сечени, лепени и монтирани.

На денешното рочиште сведочеше и новинарката Оливера Трајковска, која рече дека Сашо Мијалков му го најавил на Орце Камчев апсењето на Љубе Бошкоски.

„Од разговорот кој беше пуштен во јавноста помеѓу мене и Орце Камчев, бидејќи велиме ‘пријателот’, потврдувам дека станува збор за Сашо Мијалков. Тој му ја дал информацијата за апсењето на Бошкоски“, рече Трајковска.

Предметот „Тортура“ на СЈО е за начинот на апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година. За овој случај се обвинети Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на полициските „алфи”, Ивица Антевски-Пуки и уште петмина припадници на единицата.

Одговараат за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на претседателот на Обединети за Македонија на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Македонија

Спасовски на средба со градоначалникот на Пустец: „Ја имате поддршката од Владата“

Објавено пред

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, се сретна со градоначалникот на Пустец, Република Албанија, Јани Колевски и со претставници на Македонската алијанса за европски интеграции, партијата на Македонците во Албанија.

На средбата е изразена поддршка на Владата, во периодот што претстои да продолжат реформите во државата, за спроведување фер избори и за реализација на стрaтешките цели на државата, интеграцијата во НАТО и исчекор во евроинтеграциите.

Претставниците од заедницата на Македонците во Албанија се заблагодарија за отвореноста за соработка сo Владата и за поддршката во изминатите две и пол години, којашто продолжува и денес, а каква што немале, како што е оценето, од ниту една претходна Влада.

На состанокот е разговарано за можноста за реализација инфраструктурни и комунални проекти од интерес на луѓето кои живеат во општината Пустец.

„Ја имате поддршката од Владата, за поддршка на принципиелно ниво со цел унапредување на квалитетот на животот на Македонците кои живеат во Албанија“, рече премиерот Спасовски.

На средбата е потенцирано дека добрите односи помеѓу нашата држава и Република Албанија се одразуваат позитивно и во релациите помеѓу албанските власти и македонската заедница таму, посебно што за прв пат во албанскиот Парламент има пратеник од македонската заедница, кој има можност отворено да укажува на потребите на Македонците во земјата за изнаоѓање решенија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со 3.000 амандмани го блокира предлог-законот за отпис на камати

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ поднеле 3.000 амандмани за предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој денеска требаше да се расправа на Комисијата за финансирање и буџет, а потоа и на пленарна седница.

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов рече дека станува збор за долгови што се направени во периодот кога со овие претријатија раководеле кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ како одговорна партија, која работи во интерес на граѓаните, предлага отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица. Јавните претпријатија ќе имаат обврска да ги отпишат долговите на граѓаните, а државата обезбедува мерки кои ќе гарантираат развој и ефикасно функционирање на јавните претпријатија. Овие две мерки се тесно поврзани и се во интерес на сите граѓани на нашата држава. Овие мерки ќе значат нов почеток за сите, после систематското уништување на држава во периодот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2017 година“, рече Костадинов.

Тој ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат да го штитат криминалот во нивните редови, да престанат да работат и да се однесуваат само за тесно партиски интереси и да ги повлечат илјадниците амандмани со кои сакаат да ги блокираат мерките што се во интерес на граѓаните.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата преку Шкриејљ го кочи работењето на Министерството за труд и социјала

Објавено пред

Со поништувањето на решенијата за разрешување од должност и именување на в.д. директори, Владата директно се вклучува во продолжување на агонијата на илјадници граѓани, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттука велат дека Владата, директно преку дополнителната заменик министерка Санела Шкриејљ, го опструира работењето на Министерството за труд и социјална политика.

„Со поништувањето на Решенијата за именување на в.д директори тие директно го опструираат и попречуваат нормалното функционирњаење на Центрите за социјални работи и нанесуваат директна штета врз најранливите категории на граѓани. Имено, сите незаконски назначени в.д директори го опструираат работењето на центрите со земање на „оркестрирани боледувања“ отворени во ист ден. Нестручните и некомпетентни партиски кадри на СДСМ биле вршители на должност спротивно на тогаш важечкиот член 187 став 2 од Законот за социјална заштита и за истото ќе биде поведена постапка за злоупотреба на службена дожност против тогашната министерка Царовска“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија додаваат дека СДСМ во недостаток на стручни и компетентни кадри, именувал едни исти несоодветни в.д директори и по неколку пати иако член 187 став 1 од Законот за социјална заштита не го дозволува тоа.

Со цел да им овозможи функции на нестручните и партиските кадри, велат од ВМРО-ДПМНЕ, Царовска направила и промена на Законот за социјална заштита со цел нивно назначување.

„Целта на техничката Влада е да се спроведат фер и демократски избори но лицемерието на СДСМ преку опструкција на нормалното функционирање на центрите директно влијае на нарушувањето на изборниот процес. Го повикуваме Зоран Заев да престане да ја опструира работата на Министерството, во интерес на граѓаните на Република Македонија. Ова е срамота, греота и целосно несфатливо однесување, а таквото однесување на СДСМ луѓето ќе го казнат на следните избори“, додава ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ36 минути

Измамник во Свети Николе изнудил 2.000 евра од жена, ја излажал дека е полицаец и ја спасува нејзината внука од затвор

Седумдесет и осумгодишна жена од Свети Николе пријавила дека била измамена за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, вчера лицето...

Македонија1 час

Микиќ: Нема потреба од паника за корона вирусот во Македонија

Информативните летоци ќе бидат превентивна мерка во Македонија да не се рашири смртоносниот корона вирус. Доктор Владимир Микиќ од Институтот...

Македонија2 часа

Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на амнестијата на обвинетите за 27 април

Нема да се оценува уставноста на амнестијата со која некои од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април се...

Македонија3 часа

Спасовски: Во земјата не се увезува штетен отпад

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, уверува дека во државата не се увезува штетен отпад за кој нема сертификати. Тој вели дека...

Македонија3 часа

Филипче: Чекаме препораки од СЗО за заштита од корона вирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека чекаат Светската здравствена организација да даде препораки за тоа што треба да се...

Македонија3 часа

(Видео) Крпен студентски живот: 61 денар за оброк дневно, еден килограм месо месечно

Просечно по 61 денар се издвојува дневно за оброк за станарите во студентските домови. На секој станар му следуваат по...

Свет4 часа

СЗО: Постои голема веројатност корона вирусот да се прошири и надвор од Кина

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека постои голема веројатност новиот корона вирус да се прошири и во други делови на...

Свет4 часа

Сенатот на САД ги усвои правилата за постапката за импичмент на Трамп

По 13-часовна расправа, американскиот Сенат ги усвои правилата за водење на постапката за отповикување на претседателот Доналд Трамп вклучувајќи го...

Свет4 часа

Трамп: Имаме добар план за новиот корона вирус

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД имаат план за борба против корона вирусот, од коj во Кина загинаа деветмина,...

Регион5 часа

Протести на грчките острови поради преполните мигрантски кампови

Штрајкови и протести се одржаа на грчките острови Лезбос, Самос и Киос поради владиното справување со мигрантите што пристигнуваат од...

Свет6 часа

Саудиска Арабија негира дека го хакирала телефонот на Џеф Безос

Саудиска Арабија ги отфрли како апсурдни пишувањата на „Гардијан“ дека го хакирала телефонот на сопственикот на „Амазон“ и на „Вашингтон...

Свет8 часа

Путин го потпиша указот, Шојгу и Лавров и во новата руска влада

Рускиот претседател, Владимир Путин, синоќа потпиша указ за составот на новата влада предводена од премиерот Михаил Мишустин, при што ресорите...

Свет8 часа

Кина: Новиот вирус мутира, расте бројот на починати

Кинеската здравствена комисија соопшти дека 440 луѓе во 13 провинции биле заразени од новиот респираторен и смртоносен вирус од кои...

Македонија8 часа

Владата ги поништи одлуките на Мизрахи за в.д. директори на центри за социјална работа

Владата донесе одлука за поништување на решенијата за разрешување од должност и именување на вршители на должност директори во јавните...

Култура20 часа

Владата ќе ги плати трошоците за патување на екипата на „Медена земја“ на „оскарите“

Владата ќе ги плати патните трошоци за патувањето на петчлената филмска екипа и за хероината на филмот „Медена земја“ Атиџе...

Свет20 часа

Прв случај на мистериозниот вирус во САД

Официјални лица од здравствените власти го потврдија првиот случај на мистериозниот корона вирус во САД, кој уби шест луѓе во...

Спорт21 час

Норвежаните во полуфинале по триумфот над Исланд (видео)

Норвешката ракометна репрезентација се приклучи на Хрватска и на Шпанија во полуфиналето на Европското првенство, откако во нордиската пресметка со...

Свет22 часа

Папата до учесниците на форумот во Давос: Луѓето, а не профитот, мора да бидат во центарот на политиката

Папата Франциско испрати писмена порака за да ги потсети делегатите на годинешниот Светски економски форум во Давос на моралната обврска...

Регион1 ден

Брисел: Летот меѓу Белград и Приштина е чекор кон нормализација на односите

Воспоставувањето на комерцијален лет помеѓу Белград и Приштина е добар чекор кон нормализирање на односите, изјави денеска Питер Стано, портпарол...

Свет1 ден

Паника во светот поради новиот вирус, ригорозни контроли на аеродромите и железничките станици

Земјите во Азија и другите делови на светот почнаа со проверки на телесната температура на аеродромите, железничките станици и автопатиштата....

Досие