Македонија
Камчев: Синот на Катица Јанева беше потпишан на проектот за старски дом, кој го одбив
Бизнисменот Орце Камчев бараше на обвинителна клупа да бидат и Лазар Јанев, синот на Катица Јанева, и Зоран Милевски-Кичеец, кој го нарече амнестиран. Камчев рече дека по одбивањето на вториот проект за старски домови, од кој, како што потенцира, добивка имал Лазар Јанев, врз него почнала тортурата и бил поведен предметот „Империја“.
„Недостигаат повеќе лица – лицето кое е амнестирано, Зоран Кичевски-Милевски, недостигаат Катица Јанева и синот. Од нив ми беа понудени. Правите селективно обвинение. Ми беше понудено од Зоран Милевски, синот на Катица Јанева и од Бојан Јовановски. Ми беше презентирано дека има бизнис-план, во кој беше понуден шопинг-центар во општина Карпош, во кој деталите не ги знам во моментот. Тие да наоѓаат брендови, ќе го полнат молот преку телевизијата и слично, јас да инвестирам. Не го прифатив проектот бидејќи сметав дека нема бизнис-логика. Вториот проект беше финансирање старски домови преку Меѓународниот сојуз, се изготви финансиски извештај, јас и Бојан ги водевме договорите за тој бизнис-проект. Јас имав моја локација во Карпош. Бизнис-моделот го правеше дечко од неговата компанија. Од моја страна имаше исто така вклучено луѓе. Беа спорни локацијата и капацитетот. Бојан Јовановски рече дека не е во добри односи со гадоначалникот Богоев, па затоа баравме друга лолација. Имавме спорни моменти за земјите од кои би доаѓале пациентите, што би трбало ние да субвенционираме од тој проект, беше прилично спорна јазичната бариера бидејќи беше најавено дека ќе доаѓаат од Скандинавија, а медицинарите не може да комуницираат со нив. Договорот беше потпишан од синот на Катица Јанева, а не од Бојан Јовановски. Јас не го потпишав, ви кажав зошто, причините се од економскиот дел. Мислев дека е прескап и за мене неисплатлив“, рече Камчев.
Бизнисменот рече дека не ги познава Фросина Ременски, Миле Јовановски, асистентката Кристина.
„Немаше од кого да ми биде пренесено, беше потпишан синот на Катица Јанева, Лазар Јанев. Дали Бојан и Лазар работеле заедно, како и што, не знам. На масата беа Милевски и Бојан Јовановски“, рече Камчев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежи од слаб снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со појава на магла. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

