Македонија
Караџовски: Ситуацијата со Ковид-19 не е катастрофална, но е неповолна
Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, кажа дека епидемиолошката состојба се уште не е катастрофална, но е неповолна. Тој вели дека новите мерки не се донесени порано поради тоа што се чекале податоци од цела недела. Караџовски објасни дека коронавирусот е распространет низ цела држава, а здравствениот кадар е веќе преморен.
„Овие мерки се сега бидејќи вирусот не е истиот од ноември, а кумулативниот број на болни и хоспитализирани не е ист. Ако тогаш кажувавме дека имаме од 800-1000 случаи и дека може да изменаџираме, сега не е така. Се случува бум од новозаразени. Има од 1200-1300 заболени. Имаме огромен број на новозаразени случаи со Ковид-19, поради што во краток временски период од две-три недели се наполнија болниците. Сигурна е епидемиолошката состојба кога нема ширење на вирусот, второто е катастрофлна и неповолна. На територија на целата држава имаме распространето ширење на короанвирусот. Бидејќи ја менаџираме сеуште ситуацијата, истата не би ја оценил како катастрофална, бидејќи имаме уште здравствени капацитети. Нам ни е проблем здравствениот кадар во моментов. Ниеден пациент не е без медицинска нега. Здравствените работници се функционални сеуште, но преморени, и не знаеме до кога ќе бидат функционални“, рече караџовски.
На прашањето зошто сега мерки, а не минатата недела , тој истакна одлуките не ги носат „ад-хок“ т.е од денес за утре.
„Се прави анализа на неделна и двонеделна основа. Ја покриваме состојбата на недела или две. На ниво на недела сме имале зголемување на 26 проценти“, кажа Краџовски.
Според него, во пет градови состојбата е критична.
„Најголем проблем се Битола, Куманово, Тетово, Скопје. Пет градови се критични, заради инфраструктурата или затоа што воопшто немаат инфраструктура за сместување на пациенти. Епидемиолошки, состојбата не е сигурна. Ова е за да се растеретат здравствените работници, да им дадеме капка одмор. Да можат да влезат во шема кога ќе заврши овој период. Да обезбедиме нови капацитети. Немој да мислите дека по 14 дена, нема да постои Ковид-19. Ние во моментов го спречуваме бројот на заразени кој минатата година за време на Велигден и Бајрам ни се одрази“, додаде Караџовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

