Контакт

Македонија

Реџепи преку собраниска иницијатива ќе ги обединува пратениците со различни ставови од нивните партии

Објавено пред

Пратеникот Кастриот Реџепи на својот фејсбук-профил објави дека одлучил да покрене неформална политичка иницијатива во Собранието „Европа 21“.

Соодветно на моите последни политички одлуки и активности, сакам да информирам дека одлучив да покренам неформална политичка иницијатива во Собранието на Република Северна Македонија „Европа 21“ за обединување на прогресивните сили во насока на задржување на евро-атланската перспектива на земјава, особено во пресрет на претстојните самити на Европската Унија, пишува Реџепи.

Вели дека веќе го остварил првиот чекор и по вчерашната средба со премиерот Заев, на негова иницијатива денес имал продуктивна средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, од каде како што информира одблиску се запознал со сите процеси од надворешната политика поврзани со европските интеграции на земјава.

„Како што очекував, добив силна потврда за големиот број активности кои се преземаат и од наша стана, но и од нашите меѓународни пријатели за да се одблокира овој процес, активности во кои целосно верувам и поради тоа ќе го вложам целиот мој политички капацитет“, напишал Реџепи.

„Сакам да ги повикам сите прогресивни сили, особено апелирам меѓу пратениците во парламентот кои знам дека го делат овој политички став, но во моментов се блокирани од своите политички групации, да ми се придружат и да се обединиме за да може нашиот политички став да добие ефективна реализација“, потенцира Реџепи во објавата на социјалните мрежи.

Македонија

Утре облачно и постудено со врнежи од дожд и снег

Објавено пред

Времето утре ќе биде облачно и постудено со врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег каде ќе се формира нова снежна покривка. Услови за слаб снег ќе има и на некои пониски места во северните и источните делови. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 2 до 8 степени.

Во Скопје, облачно и постудено со повремени врнежи од дожд, Во текот на денот во повисоките делови од Скопската Котлина ќе врне повремен слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.

В среда и в четврток претпладне ќе има преодно стабилизирање на времето со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат под нулата. Потоа следува период на променливо облачно време со повремени врнежи со променлив интензитет.

Прикажи повеќе...

Македонија

Битиќи – Ескобар: Членството во НАТО ги зголеми можностите за нови инвестиции

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, денес се сретна со заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, кој е во работна посета на земјава, а на средбата беше придружуван од амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз.

Битиќи и заменик-помошникот државен секретар Ескобар разговарале за економската соработка помеѓу Северна Македонија и САД, при што се реафирмирале одличните политичко-економски односи помеѓу двете земји и било заклучено дека САД остануваат еден од најцврстите стратешки партнери на нашата земја и силен поддржувач на евро-атлантските интеграции.

Битиќи нагласил дека членството во НАТО донело стабилност и сигурност на земјата, а со тоа и зголемени можности за нови инвестиции и поголема конкуреност на меѓународно ниво, а посочил и дека Владата е посветена на реализација на сите потребни реформи и надминување на отворените прашања во насока на целосна интеграција во Европската Унија.

Ескобар и Битиќи разговарале и за унапредување на бизнис-климата, подобрување на инфраструктурната поврзаност во земјата и со соседите, како и реализација на проекти за заштита на животната средина и за одржлив економски развој, при што државниот секретар Ескобар ја потенцирал поддршката на САД за сите регионални економски соработки што носат конкурентна предност за земјите од Западен Балкан.

На средбата вицепремиерот ја потврдил нашата посветеност за Северна Македонија да стане енергетски хаб на Балканот преку диверзификација на изворите за енергија и поврзувајќи се со земјите од регионот, што секако е долгорочна стратегија, која ќе обезбеди стабилност, одржливост и предвидливост при снабдувањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Николовски: Со платформата за интероперабилност не може да се чуваат и кријат предмети во фиоки

Објавено пред

Реализацијата на мерките од планот за борба против корупцијата е во напредна фаза, веќе се работи на нови системски мерки, кои ќе бидат имплементирани во новиот план за борба против корупцијата, порача на денешниот брифинг со новинарите заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Вицепремиерот Николовски посочи дека интензивно се работи на измени и дополнувања на потребните закони за дигитализација на процесите за од 1 јули 2022 години овој процес да биде комплетиран и да се применува. Користењето на платформата за интероперабилност значи дека институциите ќе ги разменуваат сите информации и документи по електронски пат.

„Тоа значи дека не може да се чуваат и кријат предмети во фиоки на институциите што имаат истражни дејства, нема да чекаат со месеци за одредени дописи од друга институција сѐ со цел да се забрзаат постапките. Првите шест закони од МВР, а кои се клучни оти таму се законите за лични карти, живеалишта и други, се веќе во собраниска процедура, а уште 129 закони Владата ги разгледа, тие се изготвени и ќе го поминат владиниот филтер и на тоа се надополнуваат законите во делот на правосудството. Со тоа ќе имаме над 250 закони што ќе стапат во сила на 1 јули 2022, со што веќе го имаме правниот дел закоружен. Се надевам дека сите политички фактори ќе дадат максимална поддршка и нема да има кочници за овој најсериозен процес преку кој граѓаните ќе може електронски, дигитално, да ги добиваат услугите и сите сервиси“, рече вицепремиерот Николовски.

На брифингот вицепремиерот Николовски потенцира дека веќе се ставени во функција системот за е-инспектор, како и системот за поднесување претставки за непостапувања по предмети. Подготвена е нацрт-верзијата на предлог-законот за потекло на имот и донесена е стратегија за зајакнување на капацитетите на институциите за водење финансиски истраги и конфискација на имот. Воедно, во согласност со планот за борба против корупцијата се намалува бројот на членови на управни и надзорни одбори во јавни претпријатија и јавни установи, се зајакнуваат капацитетите на јавните обвинителства, се ставаат во функција истражните центри, во функција е одлуката за ограничување угостителски услуги за работни состаноци на функционерите и за ограничување користење на службените возила, а институциите назначуваат лица за внатрешно пријавување, објавуваат антикорупциски програми, интерни процедури за јавни набавки.

Воедно, Николовски потенцира дека се работи и на нови системски мерки, кои ќе бидат дел од новиот план за борба против корупцијата, како што е регистарот на цени на стоки и услуги.

Во напредна фаза е подготовката на модулите за спецификација на стоки и услуги за техничките документации, очекувам кон средината на месецот да бидат усвоени техничките спецификации, кои ќе бидат унифицирани за сите институции. Една од клучните мерки е подготовката на регистар на цени на стоки и услуги, кој ќе биде воспоставен во првата половина на 2022 година. Заедно со модулите на техничките спецификации и регистарот на цени на стоки и услуги ќе биде сериозно ограничување на можостите за корупција при јавните набавки. Тие претставуваат една сериозна контрола, отвореност, транспарентност и институциите ќе мораат да ги користат овие цени што ќе ги има во самиот регистар и кои постојано ќе се обновуваат“, рече вицепремирот Николовски.

Како дел од новите мерки, вицепремиерот Николовски го посочи воведувањето аудио и видеонадзор за начинот на преземање на службените дејства од страна на царинските службеници, даночните инспектори и даночните контролори, како и проектот Mystery shopper, кој практично значи теренска проверка на институции за утврдување на неажурно, неефикасно и потенцијално коруптивно однесување.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Објавен документ на американските служби: Русите ќе ја нападнат Украина со 175.000 војници?

Не стивнуваат тензиите меѓу Москва, Киев и Вашингтон поради шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин подготвува инвазија на Украина. Сега...

Македонија3 часа

Нови 101 случај на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случај на Ковид-19: Скопје – 59, Кавадарци...

Македонија5 часа

Димитар Ковачевски почна со презентација на програмата пред членовите на СДСМ

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски, пред членството на партијата во Општина Карпош ја презентира својата изборна...

Македонија6 часа

Ескобар: Работиме со европските партнери за брза интеграција на Северна Македонија во ЕУ

Со нашите европски партнери работиме за да обезбедиме брза европска интеграција на Северна Македонија, изјави американскиот заменик-помошник на државниот секретар...

Регион6 часа

Радев на консултации пред врачувањето на мандатот, Петков вели: „Неопходно е да се формира влада“

Времето на едноличната премиерска власт заврши, истакна бугарскиот претседател Румен Радев пред претставниците на „Промената продолжува“, а за време на...

Економија7 часа

Бесими го достави дополнетиот предлог-буџет за следната година

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска го достави дополнетиот предлог-буџет за 2022 година до претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој...

Европа7 часа

Следната пандемија би била посмртоносна од Ковид-19, предупредува креаторката на „Астра зенека“

Идните пандемии би можеле да бидат посмртоносни од сегашната криза предизвикана од Ковид-19, предупреди Сара Гилберт, професорка на Универзитетот „Оксфорд“...

Свет7 часа

(Видео) Најмалку 15 загинати и голем број исчезнати по силната ерупција на вулканот Семеру

Индонезискиот вулкан Семеру и денеска продолжи да исфрла големи количества пепел, неколку дена по силната ерупција, во која загинаа 15...

Европа8 часа

Откриен извештај – Германија воведува задолжителна вакцинација во неколку ресори

Новата германска влада има намера од средината на март да воведе задолжителна вакцинација за вработените во одредени ресори, пренесуваат светските...

Европа9 часа

Невакцинираните во Италија нема да може да користат јавен превоз без ковид-потврда

Во Италија од денеска стапија во сила построги мерки против коронавирусот, со кои невакцинираните лица ќе бидат исклучени од многу...

Свет20 часа

Папата на Лезбос со мигрантите – стотици бели ливчиња, апел за помош

Папата Франциско на вториот ден од посетата на Грција го посети бегалскиот камп на островот Лезбос. Тој ја обвини Европа...

Свет22 часа

Путин предупреди: Полјаците ги полеваат мигрантите со хербициди на граница

Рускиот претседател Владимир Путин ја повика директорката на Федерацијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческа Рока, да внимава на...

Свет22 часа

Фаучи: Засега, не треба да бидеме премногу загрижени за омикрон

“Првите „малку охрабрувачки знаци“ доаѓаат од Јужна Африка кога станува збор за сериозноста на инфекциите со омикрон” , изјавил советникот...

Европа24 часа

(Видео) Со водени топови и солзавец растерани демонстрантите во Брисел

Белгиската полиција денеска употреби водени топови и солзавец за да ја растера групата демонстранти во Брисел. Учесниците на маршот протестираа...

Македонија1 ден

Заев прифати меѓународна истрага за случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и Алмир Алиу

Постигната е согласност Владата да испрати официјално барање до Европската Комисија со кое ќе побара тим од независни експерти кои...

Македонија1 ден

(Видео) Алтернатива доби две министерства и министер без ресор, Гаши и Заев најавија стабилно мнозинство

Алтернатива доби три министерства во Владата на заедничка прес-конференција соопштија претседателот во заминување на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на...

Македонија1 ден

Десет починати и 276 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.720 тестирања,...

Регион1 ден

(Видео) Поројни врнежи од дожд во Хрватска, поплавени улици и патишта

Пороен дожд утрово врне на Јадранот локално и со пороен дожд и грмежи. Во текот на денот се очекуваат обилни...

Топ1 ден

Петмина повредени во судир на автомобил и трактор на патот Битола-Ресен

Пет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Битола-Ресен, кај „Сопотски ливади“. Несреќата...

Свет1 ден

Научниците со нови сознанија: Омикронот можеби презел дел од генот на вирусот на настинката

Новиот сој на коронавирус, омикрон, можеби стекнал барем една од неговите мутации со собирање фрагмент од генетски материјал од друг...

Досие