Македонија
Кафулињата и рестораните почнуваат со работа, сѐ уште е забрането организирање свадби и родендени

Со одлука на Владата, од денеска почнуваат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие објекти, со задолжително почитување на протоколите утврдени од страна на Комисијата за заразни болести.
Работното време е ограничено од 8 часот до 22 часот и се дозволува работа само на отворените делови од угостителските објекти за исхрана со послужување, кои се од три страни отворени со покривна конструкција.
Вработените во угостителскиот објект што послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на рацете, а се ограничува и бројот на гости, односно ќе се послужуваат само гости што може да седат или лица што преку шалтер ќе подигнуваат нарачки, односно не е дозволено послужување гости на стоење на шанк и на маси за стоиење.
Протоколот наведува дека е задолжителна контрола на влегувањето на гостите за кое е потребно да се определи одговорно лице.
На отворениот простор за послужување на гостите, каде што има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5 до 2 метра со соседните маси во сите правци, а на една маса со четири стола може да седат и да се послужуваат максимум две лица, додека на една маса со четири стола може да се послужуваат четири лица доколку се од исто семејство.
Протоколот дозволува максимален број од 12 лица на споени маси заедно со задолжително растојание помеѓу секој гостин од 1,5 метар.
Задолжително е поставување дезинфекциско средство за рацете на секоја маса, како и засилени внатрешни контроли на вработените лица за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување храна од страна на одговорно лице.
Се наложуваат засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција, кое делува на вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса, а на крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство што дејствува на вируси според упатството од производителот, алтернативно може да се користи 0,05 отсто натриум хипохлорит (5 отсто белило за домаќинство, кое се користи во размер 1:100) или 70 отсто алкохол за дезинфекција на горните површини.
Протоколот утврдува дека е задолжително редовно одржување на тоалетите со водење евиденција за спроведеното чистење и со употреба на наведените дезинфекциски средства.
Во тоалетите е забрането користење сушачи за рацете, а задолжително е користењето хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.
Во оваа фаза протоколот забранува организирање прослави (свадби, родендени, крштевки).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски-Спајиќ: во фокусот посветеноста на европската интеграција на Западен Балкан

Во пресрет на утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан, денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.
Двајцата се дел од овогодинешната група добитници на признанието „Млад глобален лидер“ (YGL) на Светскиот економски форум – мрежа која веќе две децении обединува исклучителни личности под 40 години кои предводат позитивни промени ширум светот.
Програмата за млади глобални лидери е симбол на колективна акција и визија, поттикнувајќи нови форми на лидерство во ера на глобални трансформации. Тоа што двајца политичари од Западен Балкан се дел од оваа заедница е потврда за промените што оваа генерација ги носи во регионот, информираат од МНР.
На средбата се разговараше за зајакнување на билатералната и регионалната соработка, како и за потврдување на заедничката посветеност на европската интеграција на Западен Балкан – како дел од визијата за обединета, просперитетна и силна Европа.
Македонија
МВР: Од 1 јули летен режим на сообраќај за тешки товарни возила

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти МВР.
Забраната се однесува за следните термини:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скопје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:
Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот
– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Македонија
Пренасочување на возилата поради сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Од 19:10 часoт има пренасочување на сообраќајот на патниот правец Р1305 Демир Хисар – Кичево поради случена сообраќајна незгода, возилата ќе бидат пренасочени преку с.Единаковци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Според последното известување од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.