Македонија
Квалитетното образование уште од рана возраст клучно за здрав развој на децата

Во пресрет на утрешната меѓународна конференција за ран детски развој, денеска претставници на Светската банка, предводени од Хаиме Сааведра, сениор-директор на глобалната пракса за образование, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, беа во посета на градинката „13 Ноември“ за да се запознаат какви се условите, како работи и кои се потребите за подобро сместување и воспитување на децата.
Квалитетно образование од рана возраст е клучно за нивниот развој и затоа, како што посочи министерката Царовска, мора да се менува мислењето дека градинките се место само за згрижување. Градинките имаат многу значајна улога и во нивното воспитување и затоа е неопходно зголемување на капацитетите и подобрување на квалитетот на целиот процес.
Градинката „ 13 Ноември“ е една од најдобрите, но уште повеќе треба напори и средства за подобрување на условите и капацитетите, рече директорката на градинката, Лидија Пецева.
За унапредување на работењето, неопходна е и доедукација и стручен кадар. Како позитивен пример беше посочен потпишаниот меморандум на Општина Центар со Асоцијацијата на дадилките.
„Во општина Центар, поради условите што ги обезбедуваме, имаме голем интерес за запишување деца во градинките, затоа е неопходно проширување и изградба на нови капацитети за да немаме по 30-40 деца во група. Нова градинка ќе се гради в година. Наша цел се квалитет, економска исплатливост со реконструкција, воведување енергетска ефикасност при градењето за децата да престојуваат и да се воспитуваат во стандарди по европски терк“, рече градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење, ветувам силна и одлучна битка да го вратиме во рацете на кумановци“, најави Костовски

„Огромна чест ми е да бидам кандидат за градоначалник на нашето Куманово од СДСМ и коалицијата на претстојните локални избори. Му благодарам на раководството и на претседателот Венко Филипче за довербата, и на сите оние кои застанаа зад мене. Ме радува што огромен број граѓани ми ја дадоа поддршката овие денови, што е јасен сигнал дека Куманово бара промени“, напиша на социјалните мрежи, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски.
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење. Работите веќе четири години одат во погрешна насока и тоа знам дека сите вие го чувствувате и гледате. Максим Димитриевски не заслужува реизбор – ги изневери сите ветувања дадени пред граѓаните. Куманово се дави во смет и пропадната инфраструктура, се случува урбанистички хаос кој го креира Димитриевски заради сопствените бизнис интереси. Куманово во 2025 сè уште кубури со вода, а паркинг место нема ни за лек.
Димитриевски ги изневери сите кои гласаа за него. Наместо коректор на власта, стана пион на Мицкоски и тројански коњ кој треба да ја дели опозицијата и СДСМ. Човек кој ги погази сите наводни принципи и молчи пред криминалот на неговите коалициски партнери. Човек кој ведне глава пред патронот Мицкоски. Единствено нешто што Максим добро го прави тоа неговиот бизнис со оние за кои до вчера велеше дека се криминалци.
Куманово може подобро! Ветувам силна и одлучна битка да го вратиме Куманово во наши раце, во раце на кумановци. Ветувам дека ќе одам од човек до човек за да ја пренесам мојата идеја за подобра и пофункционална општина која ќе работи во интерес на сите граѓани на Куманово. Ветувам дека СДСМ во Куманово ќе се обедини и дека СДСМ ќе се врати многу силно! Одиме на победа!“, додаде тој.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода делови од Гази Баба и Кисела Вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( четврток) поради изведување на водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул. Михаил и Евтихиј бр. 33 во населба Кисела Вода, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Михаил и Евтихиј. ( општина Кисела Вода).
Од таму со соопштение дека поради изведување на водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. 30 во населба Трубарево, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населба Трубарево. ( општина Гази Баба ).