Македонија
Кичеец повикан во полициска станица за објавените разговори
Осуденикот во „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец, чиј глас изминатиов период се слуша во повеќе разговори со лидерот Христијан Мицкоски, но и со црногорскиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ-Дака, денеска бил повикан и отишол на информативен разговор во Полициската станица Карпош. Потврда за ова има и од Министерството за внатрешни работи, од каде што велат дека Кичеец дал исказ во присуство на адвокат.
„Од страна на МВР му беше доставена покана да се јави на информативен разговор денеска во Полициската станица Карпош по член 276 од ЗКП, а во врска со објавени аудиоснимки на социјалните мрежи. З. М. денеска дојде во ПС Карпош заедно со својот адвокат и врз основa на неговиот исказ, ќе биде сочинето известување до ОЈО“, велат од МВР за „Макфакс“.
Во разговорите меѓу Мицкоски и Кичеец се слуша и гласот на Слободанка Алексовска, ексвработена во болницата „Систина“ на Орце Камчев. Засега таа и Мицкоски не се повикани на разговор, а ниту, пак, Зоран Заев и Драги Рашковски, кои се споменувани во разговорите меѓу Дака и Кичеец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

