Македонија
Клековски: Состојбата на пациентите се подобрува, но уште постои ризик од инфекции

Состојбата се подобрува, се намалува бројот на критични пациенти, но далеку сме од моментот на опуштање. Борбата не е завршена, затоа што сега почнува ризикот од инфекции и допрва претстои можно влошување на состојбата, изјави Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ).
-Нема опуштање – затоа што како се намалува ризикот од акутните изгореници и респираторни повреди, почнува да расте ризикот од инфекции. Така што, борбата не е завршена, таа допрва претстои и можно е пациенти кои биле во добра состојба да им се влоши состојбата поради ризик од инфекција. Оваа борба ќе биде долга и нема да биде решена ниту за една, ниту за две недели, рече Клековски на прес-конференција, посочувајќи дека за двете состојби се прави мониторинг и редовни токсиколошки и микробиолошки анализи и во земјава и во болниците во странство.
Посочи дека сите 54 повредени пациенти од пожарот во Кочани кои се лекуваат во земјава се во стабилна состојба, а од 115-те во странство – шест се критични. Соопшти и дека вчера биле хоспитализирани шест нови пациенти – пет на Токсикологија и еден со комбинирани – респираторни проблеми и изгореници.
Во понеделник се очекуваат протоколи за враќање во земјата на првите пациенти од странство кои се во добра здравствена состојба што ќе се случи, најверојатно, во втората половина на неделата. Тимови од Израел и Велика Британија, рече, помагаат да се направи планот за враќање, рехабилитација и натамошен третман во земјата.
Нагласи дека болничкото лекување во странство е гарантирано бесплатно и сто отсто на сметка на државата во која е хоспитализиран пациентот и дека се што се појавува во јавноста во врска со некакви трошоци за лекувањето е дезинформација.
Клековски информираше дека ФЗОМ им дал насоки на матичните лекари за отстранување на ограничувања во пропишување на лекови и боледувања за засегнатите во пожарот во Кочани и за нивните семејства, со оглед на тоа што досега не биле предвидени вакви ситуации освен за заразни болести.
-Имаме полна соработка со матичните лекари кои доста помагаа во управување со севкупната ситуација, додаде Клековски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Дурмо турс“ во чиј автобус загинаа 14 патници пак работи „на диво“, полицијата казнуваше превозници

Од 138 контроли за вршење превоз на патници и стоки кои во претходните три дена ги направиле инспектори за патен сообраќај, неправилности се утврдени кај 21 правно и физичко лице и им се изречени соодветни казни. Меѓу казнетите е и компанијата Дурмо турс во чиј автобус на 13 февруари 2019 загинаа 14 лица. Но и покрај тешката сообраќајка со многу жртви, оваа компанија пак работи без соодветната документација.
Министерство за транспорт –Државен инспекторат за транспорт денеска информира дека инспекциските надзори биле спроведени согласно нивниот Акциски план и дека за утврдените неправилности ќе бидат информирани Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, со цел нивно натамошно постапување.
Инспекторатот ги соопшти 11-те правни лица за кои е констатирана неправилност и за кои се изречени казни: Дурмо турс од Гостивар, Дени интернационал од Илинден, Свис мак алигега од Гостивар, Зем промет – компани од Сарај, Словин Билјана од Охрид, Бис од Охрид, Пештер ДОО од Чаир, Димитриоски од Гази Баба, Хисари-ГД од Дебар, Инком бизнис од Куманово и Палас експорт-импорт од Гостивар.
Покрај овие 11 правни лица, биле констатирани и неправилности кај 10 физички лица кои вршат дејности за превоз на патници и стока.
Министерство за транспорт – Државен инспекторат за транспорт информира дека согласно донесениот Акциски план за инспекциски надзори при превоз на патници и стока, од утре инспектори ќе спроведуваат секојдневни интензивни инспекциски контроли над превоз на патници и стока, проверка на документи (лиценци, изводи од лиценци, дозволи, сертификати за професионална компетентност на возач, тахографи), надзор на безбедноста во сообраќајот и спречување нелегален превоз.
Македонија
За пет часа поради низа неправилности, затворени се 16 угостителски објекти во Тетово и Гостивар

Во полициска контрола извршена вчера во периодот од 10 до 15 часот на подрачјето на Тетово и Гостивар, во 16 угостителски објекти (ТЕ-6 и ГВ-10), биле констатирани низа неправилности и од страна на ДПИ, ДЗС и УЈП ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, додека од страна на ДПИ биле затворени два угостителски објекти во Тетово и еден во Гостивар.
МВР денеска соопшти дека полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар во содејство со претставници од Управата за финансиска полиција, Управата за јавни приходи, Државен пазарен инспекторат, Дирекцијата за заштита и спасување, Градежен инспекторат и Комунална инспекција, извршиле акциска контрола и презеле координирани мерки и активности насочени кон сузбивање на недозволени криминални активности кои се вршат во угостителски објекти на подрачјето на Тетово и Гостивар, со приоритетна цел на сузбивање на недозволена трговија со дрога, посредување во вршење на проституција, перење на пари, коруптивни кривични дела од страна на службени лица вработени во државни институции поврзани со незаконско работење на субјекти кои вршат угостителска дејност и други нелегални активности.
Македонија
Македонија е со најниска просечна плата во Европа

Во последните десет години просечната плата во Македонија пораснала за околу 97%. Но, и покрај континуираниот раст, Македонија останува речиси на дното во Европа и регионот според висината на просечната плата.
Просечната плата во јануари 2015-та била 21.828 денари, а со последната обајава на Државниот завод за статистика, просечна плата во јануари 2025 изнесува 43.050 денари(700 евра).
Повеќе од нас заработуваат работниците во Србија, во просек 924 евра месечно, во Босна и Херцеговина земаат 790 евра, во Црна Гора 1.004, во Хрватска 1.392 и во Словенија 1.569 евра месечно.