Македонија
Ковачевски: Верувам дека Алтернатива ќе влезе во Владата
Кандидатот за следен претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој го придружува актуелниот лидер Зоран Заев, се надева дека Алтернатива ќе биде дел од владиното мнозинство. Прашан дали се разговара партијата на Африм Гаши да го преземе министерското место во Министерството за здравство, Ковачевски не сакаше да коментира. Посочи дека е оптимист за зголемување мнозинството во Собрание.
„Јас важам за рационален оптимист. Верувам во решение што ќе се оствари. Верувам дека Алтернатива ќе стане дел од мнозинството кое ќе обезбеди стабилна Влада. Ние сме пандемија со нови типови на вирусот, има светска енергетска криза, има други предизвици. За тоа ни треба стабилна влада која ќе ги носи законите кои ни се потребни. Затоа велам дека верувам и се надевам дека Алтернатива ќе донесе позитивна одлука која зависи од партиските органи“, кажа Ковачевски.
За распределбата на ресори и информациите дека Алтернатива бара две вицепремиерски и две министерски места, Ковачевски рече дека се шпекулативни информации.
„Ние имавме една средба со претседателот на Алтернатива, Гаши и тимот. Имаше начелна согласност за програмските определби кои би биле влог на Алтернатива во Владата за стабилна Северна Македонија на патот кон ЕУ. Таму не се разговараше за конкретни решенија, ќе продолжат разговорите денес. Тоа што беше комуницирано, се шпекулации кои не се засноваат на факти“, рече Ковачевски, а прашан дали ако тој биде иден мандатар ќе се согласи Министерството за здравство да го раководи кадар на Алтернатива, рече: „Јас не можам да го коментирам ова. Мандатарот, односно премиерот на државата, по завршување на изборите за претседател, следува конгрес. Низ партиските тела се носи таа одлука, зависи од коалициските партнери, но и Парламентот. Кога тоа ќе се случи можеме да зборуваме за партиски решенија и ресори“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре
За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати владиниот авион. Од Израел ќе бидат пренесени на локација до која е безбедно да стигнат по копнен пат од каде што ќе ги преземе владиниот авион.
„За Македонците кои се во Израел веќе договараме евакуација. Се разгледуваат алтернативни патни правци кои се безбедни за да можат да бидат извлечени, а од таму да ги преземеме со владиниот авион. Првите патници очекуваме да стигнат дома уште утре“, изјавија од МНР за „Макфакс“.
Во владиониот авион има место за седуммина патници, но за да можат да си дојдат дома сите заинтересирани, се разгледуваат можности за комерцијални летови од безбедните околни точки.
Евакуација од Израел досега побарале 19 патници кои се дел од вкупно 473 македонски државјани кои ги контактирале дипломатско-конзуларните претставништва на земјава во Тел Авив, Доха и Абу Даби. Во Катар се пријавиле 106 лица, 348 се обратиле до ДКП Абу Даби, 18 лица од Кувајт и 12 лица од Бахреин.
За патниците од Катар, од МНР велат дека се во преговори за специјален комерцијален лет со кој би се вратиле дома оти сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат, а вrаќањетo од Обединетите Арапски Емирати ќе почне во првата безбедна прилика.
Денес во Белград слета авион со 200 српски државјани кои се вратија од Дубаи со комерцијален лет, а аеродромот извести дека ќе го продолжи воздушниот сообраќај со реализација на ограничен број летови. Приоритет ќе им се дава на патниците со претходни резервации, а оние кои ќе бидат дополнително прераспределени на ограничените летови, ќе бидат директно контактирани од компанијата.
Македонија
Интензивирани активности за пролетно уредување и модернизација на јавните површини во Ѓорче Петров
Во пресрет на пролетната сезона, Општина Ѓорче Петров започна засилена и координирана акција за уредување, разубавување и системско одржување на јавните површини на целата територија на општината.
Активностите се дел од поширока стратегија за унапредување на урбаната хигиена, зголемување на безбедноста и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
„На терен се реализира интензивно кастрење на дрвја и жива ограда со цел подобрување на безбедноста и зачувување на зеленилото, расчистување на гранки и зелен отпад и нивно соодветно отстранување, темелно чистење на тротоари, рабници и пешачки зони, уредување на паркови, детски игралишта и меѓублоковски простори.
Со овие активности се создава почиста, побезбедна и поуредена животна средина, а истовремено се поставуваат основи за понатамошни инфраструктурни и еколошки интервенции во текот на годината.
Општината останува целосно посветена на континуирано и одговорно одржување на јавните простори, со јасна визија за модерно, зелено и функционално Ѓорче Петров. Во наредниот период, активностите ќе се интензивираат и ќе опфатат дополнителни локации, согласно утврдениот план“.
Македонија
Заедно за безбедност: Mozzart донира тактички елеци на Интервентната единица
Интервентната единица при Министерството за внатрешни работи доби нови тактички елеци донирани од компанијата Mozzart. Со оваа донација, компанијата ја потврди својата подготвеност да поддржи институции кои работат на заштита и безбедност на граѓаните.
Тактичките елеци ќе придонесат за подобра заштита и ефикасност на припадниците на единицата при извршување на нивните задачи.


„Со задоволство одговоривме на барањето за набавка на нови тактички елеци. Интервентната единица секојдневно е на терен и се грижи за јавната безбедност, а нашата компанија имаше можност да даде конкретна поддршка. Соработката ќе продолжи и во иднина,“ изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Во рамки на својата стратегија за општествена одговорност, Mozzart од почетокот на годината реализира повеќе проекти во различни области – од поддршка на кампањата „Ретко е да си редок“, преку организација на бесплатни театарски претстави, до донации за институции од областа на безбедноста. Активностите ќе продолжат и понатаму, опфаќајќи спорт, здравство, екологија и култура.
ПР

