Македонија
Ковачевски да не глуми паднат од Марс, префрлајќи ја вината на обвинителство без да побара оставка од Мерко, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат по изјавата на премиерот Димитар Ковачевски во врска со градоначалникот Рамиз Мерко, кого САД го ставија на црната листа. Ковачевски рече дека треба да се запрашаат нашите надлежни институции како САД дошле до информации за Мерко, а се на илјадници километри од овде.
„Гледајќи како Ковачевски ја префрла вината на судско обвинителните органи притоа упорно не барајќи оставка од Мерко кој продолжува да биде градоначалник на неговата коалиција имаме конкретни прашања:
Кој е на власт последните 6 години? Кој велеше дека ќе донесе живот и правда за сите? Чив човек и пион е првиот обвинител Љубомир Јовевски?
Глумењето паднат од Марс на Ковачевски е навреда за интелигенцијата на народот“ прашуваат од опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

