Македонија
Ковачевски и Николоски се расправаа за животот во Македонија
Премиерот Димитар Ковачевски и пратеникот Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ расправаа дали во Македонија се живее добро. На ова прашање од Николоски нема конкретен одговор, туку објаснување од Ковачевски за успешните политики на Владата. Николоски не беше задоволен од одговорот и одново го постави прашањето, на кое и вторпат не доби конкретен одговор.
„Македонија се соочува со национална катастрофа, негирање на традицијата, културата, народот. Македонија направи голем компромис и го промени и името на државата. Како да не е тоа доволно, имаме и економски пустош, а на основните производи некаде е над 100 проценти, електричната енергија поскапува. Секоја недела има поскапување на горивото. Дали во Македонија се живее добро?“, праша Александар Николоски.
Ковачевски одговори што сè е направено откако СДСМ ја презеде власта.
„Јас ќе ви дадам споредби, па вие ќе ми кажете кога се живеело подобро. Минималната плата е зголемена 100 проценти во нашиот мандат. Сите вие ме критикувавте зошто застанав зад зголемувањето на минималната плата. Дури економистите од ВМРО-ДПМНЕ јавно кажуваа да не се качува минималната плата. Просечната плата е качена. Затоа што субвенционирањето е поради повисоко платени работни места. Во сите ТИРЗ-зони сите плати се над просечната плата. Ако зборуваме за младинската невработеност, таа беше 47 проценти, сега е дојдена на 28 проценти. Сите активности, гаранции и обуки се во таа насока. Тоа сега го гледаме. Во светот има највисока инфлација по Втората светска војна. Имаше и зголемување на пензиите. Порано на пензионерите им беа зголемувани пензиите еднократно пред избори. Воведовме методологија“, рече Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Гостивар
Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути се случи земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 45 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.2
Земјотресот е почувствуван во Гостивар и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
СДС сервилна знае само за патлиџан дипломатија и предавнички политики, руските играчи се во СДС и оние кои му дадоа државјанство на Онишченко, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Тоа што геополитичките интереси на големите геополитички актери во даден момент се поклопиле со државните интереси на Македонија нема никаква врска со „државничка“ политика на СДС.
Бидејќи СДС-сервилна од дипломатија и меѓународни односи знае само за патлиџан дипломатија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС сервилна знае само да ги распродава државните и национални интереси.
СДС на меѓународен план и екипата на Бујар Османи, Маричиќ, Ковачевски нема држава, настан или организација каде не ја понижија Македонија со сервилната и погубната дипломатија која ја водеа.
Руските играчи на македонската политичка сцена се СДС Заев и Филипче. Доказ за тоа е скандалот со доделување државјанство на рускиот државјанин Онишченко осуден за корупција и перење пари во Украина.
Надворешната политика што ја водеше СДС беше обележана со сервилност и отстапки на штета на државните и националните интереси“. Наместо, како што додаваат од владејаќката партија, цврста и достоинствена дипломатија, граѓаните беа сведоци на политики предавнички и недоволна заштита на националните позиции и интереси.
Државата, според нив, заслужува стратегија што ќе се темели на јасно дефинирани национални интереси, самопочит и партнерства изградени врз взаемна почит, а не на политика на постојани отстапки. Според ВМРО-ДПМНЕ, само преку конзистентна, достоинствена и принципиелна дипломатија може да се заштитат долгорочните интереси на Македонија и нејзините граѓани.
Македонија
Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 57 сесија на Клубот на истражувачите
На 27 март 2026 година (петок), со почеток во 13 часот, во просториите на Народната банка ќе се одржи 57. сесија на Клубот на истражувачите.
„Доколку сакате да презентирате Ваш работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве покануваме да се пријавите со доставување на материјалот на е-адресата: [email protected], најдоцна до 18 март 2025 година (среда).
Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.
На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија“.
Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер, за што можете да видите подетални информации на веб-страницата на Народната банка www.nbrm.mk, во делот Клуб на истражувачи.

