Контакт

Македонија

Ковачевски на средба со амбасадорката Холштајн

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, заедно со секретарот на меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, денеска се сретнаа со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Анке Холштајн.

На средбата се разговараше за повеќе актуелни прашања, како евроинтегративниот процес и економската соработка помеѓу двете земји.

Претседателот Ковачевски искажа благодарност што во сите овие 30 години Германија ѝ дава безрезервна поддршка на нашата држава во сите клучни сфери, особено во делот на економијата, но и најзначајните реформски процеси.

„Германија е нашиот најголем стратешки сојузник во Европа и силен поддржувач на нашиот евроинтегративен процес. Ви благодарам на целата досегашна поддршка и се надевам дека таа ќе продолжи и во иднина. Покрај тоа што сме партнери во НАТО, што сте наш силен поддржувач за интеграцијата во ЕУ, Германија е нашиот најважен трговски партнер не само поради германските компании што се присутни овде туку и преку размената на стоки меѓу двете држави. Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија за нас е многу важна партнерска организација и со соработката со неа ќе ја продолжиме и унапредиме“, порача Ковачевски.

Претседателот Ковачевски изрази уверување дека Германија ќе продолжи да дава поддршка и да ѝ помага на Република Северна Македонија во евроинтегративниот процес, со цел брзо почнување на преговорите за членство во ЕУ, нешто што нашата држава целосно го има заслужено.

Амбасадорката Холштајн му честита на Ковачевски за изборот за претседател на СДСМ. Таа посочи дека еден од врвните приоритети на новата германска влада ќе биде проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан, меѓу кои и Северна Македонија, додавајќи дека Германија ќе продолжи да ја продлабочува соработката со Северна Македонија особено во делот на економијата и помош при реформските процеси.

Македонија

(Видео) Стоилковски: Нема притвор за производство на дрога затоа што е брат на шефот на кабинет на Ковачевски

Објавено пред

38-годишниот И.П. на 24 септември 2020 година бил приведен за производство на дрога. Но до ден денеска нема судска разрешница за овој настан. Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали лицето И.П. не добива притвор бидејќи е брат на шефот на кабинет на Ковачевски.

„Зад мене ја следите полициската видеоснимка при акција во скопско Визбегово, каде што според медиумските полициски спектакли, била пронајдена лабораторија за дрога, нелегални садници марихуана, просторија за сушење подготовка за продажба, шприцеви полни со хашиш, смола и што сè  не. Претресите се правени во неколку објекти и приведени се три лица, меѓу кои и 38-годишниот ИП”, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

По година и пол, случајот сè  уште се влече по судските лавиринти, а наместо притвор како мерка за обезбедување, побарана од обвинителството за И.П., судот на режимот определува домашен притвор и повеќе пати истиот го продолжува.

Според Стоикловски, причината не може да е поинаква освен одолговлекување на случајот, за кога еден ден во иднина случајот добие пресуда, евентуалното време за издржување затворска казна биде скратено со времето минато во домашен притвор, дотолку повеќе, ако воопшто Попов влезе во ќелија.

„Законот и ригорозните мерки, брзото судење, за вакви случаи важи за сите доколку не се роднини или дел од СДСМ”, изјави Стоилковски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи за БТВ: Резултати се очекуваат и од Македонија и од Бугарија

Објавено пред

Резултати се очекуваат и од Северна Македонија и од Бугарија, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во ексклузивно интервју за БТВ.

„ Во односите меѓу двете земји се очекуваат резултати од двете страни. На пример, патната врска меѓу Скопје и Софија не може да биде само наша посветеност, наша заложба е Крива Паланка, граничниот премин Клепало од наша страна е завршен. Очекуваме да го завршите од ваша страна. Сметам дека нашите односи не можат да се засноваат само на политичка доверба и политички договор. Треба да изградиме мрежа на соработка со контакти и врски. Луѓе, бизниси, универзитети кои ќе останат цврсто поврзани, дури и ако се наруши политичката соработка, оваа мрежа ќе остане силна“, рече Османи.

Македонскиот министер вели дека би било добра идеја за преговорите меѓу Софија и Скопје, доколку и Бугарија, како и Северна Македонија, направи измени во составот на Мешовитата комисија за историски прашања.

„ Во време кога климата се влошува, и историчарите губат храброст и се трудат да не ги попречуваат политичарите. Досега сменивме двајца претставници во Комисијата, Бугарија нема промена во составот, можеби треба да има корист од нашето искуство, но јас не прејудицирам таков чекор“, вели македонскиот министер за надвореши работи.

Во однос на барања од бугарската страна за вклучување на бугарското малцинство во македонскиот Устав, Османи вели дека Северна Македонија во светот е позната по степенот на колективните права на граѓаните, особено по потпишувањето на Рамковниот договор со кој се воспоставија односи меѓу државата и етничките заедници.

„ Не гледам ништо проблематично за која било друга етничка заедница да се вклучи, да се интегрира, но и да покаже одговорност и лојалност кон државата. Конкретно, можам да зборувам за Рамковниот договор, како претставник на етничка заедница која имаше корист од Рамковниот договор, но тоа не беше само за Албанците и Турците, Србите, Власите и Ромите, туку може и Бугарите станат дел од него“, вели тој.

Османи рече дека во план е првите недели од новата влада да се донесе одлука за испраќање наш амбасадор во Софија, без да каже име и детали.

Османи потсети дека во 2006 година македонскиот парламент издаде извинување до семејствата на жртвите од комунизмот.

Според него, општеството не бега од темата за репресираните Бугари за време на југословенскиот режим.

„Сега сме подготвени да ја претвориме декларацијата во позиција на независната држава Северна Македонија, како и други практични аспекти – пристап до архиви и потоа отворање поединечни случаи, доколку ги има, потребата да се зборува за нив и зошто и да не се процесираат, доколку постои законска можност за тоа“, додава Османи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Движење Беса: Ние сме за иземање на техничката влада и што поскоро предвремени избори

Објавено пред

Владата на Република Северна Македонија и сегашното мнозинство секојдневно докажуваат дека немаат капацитет да ги водат државните институции. Секое пролонгирање на оваа нестабилна состојба може да има големи последици и политички, но и за економијата на земјата, се вели во соопштението од Движење Бeса.

Иницијативата за промена на законот за влада, односно бришење на деловите од законот за техничката влада како чекор пред парламентарните избори е многу битно и секако ќе ја има поддршката на пратениците од Движењето Беса.

Од Беса го потврдуваат нивниот став дека на државата ѝ се потребни стабилни институции, политичка стабилност и конкретни чекори за економско закрепнување.

За да се обезбеди тоа, повеќе од неопходно е земјата да оди на предвремени избори, затоа укинувањето на процедурите за техничка влада е чекор за забрзување на излезот на земјата од кризата што ја зафати и преку одржување  предвремени избори што е можно поскоро како единствено решение кое ќе донесе политички промени и ново мнозинство, стабилно и со јасна визија за иднината на државата, што оваа власт и мнозинството СДСМ-ДУИ немаат капацитет да го обезбедат, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија45 минути

Османи за БТВ: Резултати се очекуваат и од Македонија и од Бугарија

Резултати се очекуваат и од Северна Македонија и од Бугарија, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во ексклузивно интервју...

Економија56 минути

Повторно поскапување – од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените...

Македонија1 час

Мицевски: Поднесовме предлог за укинување на техничката Влада

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ до Собранието денес поднесе предлог на Законот за изменување и...

Македонија2 часа

Работна група од македонски и бугарски експерти ќе работи на железничкото поврзување

Владата го прифати усогласениот текст на Меморандумот за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република...

Свет2 часа

Бродови и авиони во базите на НАТО – алијансата испраќа дополнителни сили во Источна Европа

Сојузниците на НАТО денеска ја ставија својата армија на подготвеност и ќе испратат дополнителни бродови и борбени авиони во нивните...

Македонија3 часа

Зимското одржување на патиштата оваа сезона ќе чини осум милиони евра

Државните институции склучиле договори за јавни набавки со приватни фирми за механизација, работници, сол и ризла за одржување на улиците...

Свет3 часа

Тедрос: Светот е во клучна пресвртница, земјите мора да работат заедно

Во екот на уривањето на рекордите на новозаразени луѓе во светот, СЗО ги повика сите земји да работат заедно за...

Македонија4 часа

(Видео) Јанакиески спроведен на судење со полициско возило

На патерици, легнат во полициско возило, Миле Јанакиески е земен од дома со судска наредба и спроведен на судење. Денеска...

Свет4 часа

По САД и Британија повлекува дел од персоналот во амбасадата во Киев

Велика Британија почна да го повлекува персоналот од амбасадата во Украина поради предупредувањата за руската инвазија. Според извештајот, официјалните лица...

Свет5 часа

Kазнети 3.600 долари зашто на една минута го напуштиле карантинот

Тајванските здравствени власти казнија индонезиски рибари со 3.610 долари затоа што ги напуштиле хотелските соби за време на карантин за...

Свет5 часа

СЗО најавува крај на пандемијата во Европа

Сојот омикрон на коронавирус, кој би можел да зарази 60 отсто од Европејците до март, започна нова фаза на пандемијата...

Македонија16 часа

Локализиран пожарот во „Жито Битола“

Локализиран е пожарот што избувна околу 17 часот во „Жито Битола“. Пожарникарите остануваат на терен, до целосно гасење на огнот....

Македонија18 часа

Нови 1.424 случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 5.604 тестови, а регистрирани се 1.424...

Свет19 часа

НАТО испраќа се’ повеќе оружје во Украина

Во последните денови, членките на НАТО испраќаат оружје и воен персонал во Украина, како и во блиските европски земји, во...

Македонија22 часа

„Преговорите ги диктира Софија, ова е пазар дипломатија“ – опозицијата со критики за начинот на кој Владата преговара со Бугарија

Остри критики за начинот на којшто се водат преговорите со Бугарија упатија говорниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на трибината насловена „Заштита...

Економија1 ден

Ковачевски: Сите работници кои работат во недела мора да добиваат најмалку 50 отсто повисока дневница

„Денешната посета на „Дура Аутомотив Системс“ е одлична можност да се види како изгледа примената на законското решение „Недела неработен...

Топ1 ден

Прегазен малолетник на улица во Тетово, возачот избегал

Седумнаесетгодишно момче било прегазено од автомобил вчера на улицата Благоја Тоска во Тетово. Возачот кој управувал со возилото избегал од местото,...

Свет1 ден

Директорот на „Фајзер“: Годишните вакцини против ковид би биле подобри од честите бустери

Алберт Бурла, извршен директор на компанијата „Фајзер“, рече дека годишната вакцинација против короната би била подобра опција од почестите засилувачки...

Регион1 ден

Вучиќ добил список со седум лица кои му спремале атентат

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синoќа се обрати до јавноста по обелоденувањето на веста дека бил подготвуван атенатат врз него....

Македонија1 ден

Пецаков да одговара што не се изолирал додека чекал резултати од тестот за ковид, порача владејачката партија

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков додека чекал резултати од тестот за коронавирусот наместо да се изолира, свесно присуствувал на јавен...

Досие