Македонија
Ковачевски, Османи и Маричиќ на вечера со Агелер и Ескобар
Премиерот Димитар Ковачевски, министерот Бујар Османи и вицепремиерот Бојан Маричиќ синоќа биле на работна вечера со американската амбасадорка, Анџела Агелер, и заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
Министерот за надворешни работи објави фотографии на социјалните мрежи од работната вечера.
Заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, од вчера е во посета на државата и како што беше соопштено, се надева на продуктивни и заеднички дискусии со владините лидери за време на неговата посета на Северна Македонија.
Во рамките на посетата, Ескобар, освен со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Димитар Ковачевски, ќе оствари средба и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со посетата на Ескобар рече дека „тоа што сега власта се обидува посетата на Ескобар да ја претстави, условно кажано, како дипломатски булдожер, кој тука е повикан од Владата за да врши тортура и притисок, е веќе слабост на овие криминалци во Владата. Тортура и притисок во 21 век веќе никој не врши, а и да вршат, тогаш избрале погрешни соговорници“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

