Македонија
Ковачки: Постојат сериозни сомнежи за трговија со влијание на Битиќи и Муслиу за нивните сопруги да добијат 620.000 евра грант, а ЈО молчи 4 дена
Ова е дел од меморандумот што го потпишал конзорциумот на невладини составен од невладините на сопругите на вицепремиерот Битиќи и директорот на АР, Еролд Муслиу, а врз основа на кој е добиен грантот од 620.000 евра, рече на денешната прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
„Ова се потписите на сопругите на Битиќи и Муслиу. И Фатмир Битиќи и Еролд Муслиу знаат дека се фатени 100:0 и двајцата знаат дека е недозволиво додека тие се на високи државни позиции, нивните сопруги да земаат грант од 620.000 евра, процес во кој била вклучена и владата преку националниот координатор за борба против тероризмот. Денеска, ќе обелодениме и дека, по добивањето на грантот, тие се обиделе да ги прикријат траги. Имено, само 5 дена по добивањето на парите, сопругата на Битиќи се брише од овластени лица на својата невладина организација, со промена евидентирана во Централниот регистар. Тоа што сопругата на Битиќи се избришала од овластено лице 5 дена по добивање на грантот не го менува фактот дека Битиќи е вицепремиер на седница на Владата кога е донесена одлуката националниот комитет да склучи меморандум со конзорциумот на кој му се дава странски грант во време кога неговата сопруга сè уште е претседател на НВО. Трговијата на влијание се случила со одлука на Владата. За случајот досега одмолче ДКСК, ЈО, вицепремиерката за добро владеење и премиерот Ковачевски. До кога ќе молчи Стево Пендаровски, кој лично го има поставено директорот на Агенција за разузнавање и кој самиот тврди дека е најинформираниот во државата“, истакна Ковачки и додаде:
„Го информираа ли Пендаровски за начинот на кој се богатат неговите пулени? Никогаш не било полошо. Време е да ги поразиме“, порача Ковачки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

