Контакт

Македонија

Комисијата за заштита од дискриминација: Одлуката за Груевски е донесена со почитување на сите законски постапки

Објавено пред

Одлуката за Никола Груевски е донесена во законскиот рок и при носењето се запазени сите законски прописи, соопшти Комисијата за заштита од дискриминација, која оцени дека Груевски бил дискриминиран од страна на Основниот суд Скопје 1 и судијката Добрила Кацарска во процесот „Тенк“ за набавката на „мерцедесот“.

dobivaj vesti na viber

„Во врска со некои тенденциозни и невистинити соопштенија на одредени здруженија на граѓани, како и изјави на некои поединци, кои се појавија во некои медиуми во однос на работата на  Комисијата за заштита од дискриминација, должни сме да ја информираме јавноста дека тие претставуваат само уште еден обид да се дискредитира Комисијата и да се попречи нејзиното стручно работење, но и да се изврши притисок врз оваа независна државна институција, која работи исклучиво според Законот за спречување и заштита од дискриминацијата“, велат од Комисијата.

Од таму истакнуваат дека петмина од седумчлената Комисија се универзитетски професори и во своето досегашно работење Комисијата постапувала стручно и непристрасно, независно од основот и областа на дискриминација и независно од подносителот на претставката или против кого е поднесена.

„На ваков начин беше постапувано и во однос на претставката со архивски број 08-295/7 од 13.9.2018 година поднесена од страна на г. Никола Груевски за која одредени медиуми покажаа интерес. Во конкретниот случај е донесено мислење во оптимален рок од два месеца и се запазени сите законски постапки и при одлучувањето се земени предвид фактите и доказите доставени од двете страни и е постапувано по нив на стручен начин како и во сите други предмети“, велат од Комисијата.

Од таму информираат дека со предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација се врши политички притисок врз телото за еднаквост во Република Македонија бидејќи овој предлог-закон предвидува да престане мандатот на членовите на Комисијата со стапувањето во сила.

„Европски стандард е телата за заштита од дискриминација да бидат ослободени од притисок од страна на државните власти. Оваа одредба во предлог-законот ја квалификуваат за политички притисок и бараат да се избрише и Венециската комисија, Мрежата на телата за еднаквост во Европа и Генералниот директорат за проширување на Европската комисија“, се наведува во соопштението.

Двајца члена на Комисијата, Ирфан Дехари и Беким Кадриу, во издвоено мислење изразија несогласување со одлуката и наведоа дека има политичка заднина и е донесена без факти и докази за постоење директна дискриминација.

Мрежата за заштита од дискриминација (МЗД), пак, смета дека со утврдувањето дискриминација кон Никола Груевски, Комисијата покажала селективно и непрофесионално работење.

И од СДСМ реагираа на ваквата одлука велејќи дека партизираната Комисија под контрола на антизападната ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребила позицијата и се ставила во одбрана на криминалот на Груевски.

Македонија

За еден ден казнети 166 пешаци поради поминување улица надвор од пешачки премин или на црвено светло

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.

dobivaj vesti na viber

Притоа, санкционирани се 166 пешаци од кои, 155 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, пет за минување на црвено светло.

За време на контролата регистрирани се и 111 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници“, порачаа од МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Наталитетот зголемен, од почетокот на годината склучени помалку бракови во споредба со лани

Објавено пред

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од оваа година, живородени се 4.009 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е зголемен за 2.9 отсто.

dobivaj vesti na viber

Во првото тримесечје од 2022 година, умреле 7 427 лица, а од нив 12 се умрени доенчиња, што претставува зголемување од 7.2 проценти во споредба со истото тримесечје од 2021 година.

Природниот прираст е -3 418, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во ова тримесечје од годината се склучени 2.468 бракови, а нивниот број е намален за 8.4 отсто во споредба со истиот период од 2021 година.

Во ова тримесечје се добиени 459 извештаи за разведените бракови.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Мицкоски да каже каде завршиле украдените пари од „Криминални парцели“

Објавено пред

„Наместо да бега од одговори и да ја замајува јавноста, Христијан Мицкоски да излезе и да одговори пред граѓаните каде завршиле украдените пари од сметката на ЕВН Електрани и дали завршиле за финансирање на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ?

dobivaj vesti na viber

Како што е веќе познато, дури шестмина од седумте осомничени за малверзации со ниви во Делчево се директно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Мицкоски како прв човек во ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори дали осомничените работеле по негови инструкции, за ЕВН да плати 50 пати поскапо земјиште за соларни централи?

Дали Мицкоски ја искористил познатата шема на неговиот шеф и ментор Никола Груевски и преку својот телохранител ги прикривал трагите за испумпување на пари од ВМРО-ДПМНЕ?

Прашањата се јасни и едноставни, Мицкоски треба да одговори“.

Соопштение на СДСМ

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

Наталитетот зголемен, од почетокот на годината склучени помалку бракови во споредба со лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од оваа година, живородени се 4.009 деца и во споредба...

Топ46 минути

Веднаш откако бил осуден за семејно насилство, скопјанец ја нападнал поранешната сопруга во близина на судот

На паркинг во близина на кривичниот суд, скопјанец физички ја нападнал неговата поранешна вонбрачна сопруга веднаш откако бил осуден за...

Свет1 час

Зеленски: Донбас ќе биде наш, иако ситуацијата е многу тешка

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Русија греши ако мисли дека Лиман или Северодоњецк ќе бидат нејзини. „Донбас ќе...

Македонија1 час

СДСМ: Мицкоски да каже каде завршиле украдените пари од „Криминални парцели“

„Наместо да бега од одговори и да ја замајува јавноста, Христијан Мицкоски да излезе и да одговори пред граѓаните каде...

Свет2 часа

„Си-ен-ен“: Вашингтон ќе вклучи ракетни системи со долг дострел во испораките на оружје за Украина

Вашингтон има намера да вклучи ракетни системи со долг дострел во вооружената помош за Украина, објави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на...

Свет3 часа

Украина негира дека во нејзина нуклерна централа биле пронајдени големи количества на плутониум

Украинскиот нуклеарен инспекторат ја обвини Меѓународната агенција за атомска енергија дека подлегнала на руската пропаганда и побара поддршка за барањето...

Македонија12 часа

Притвор за осомничените за продажба на парцели за “ЕВН електрани”

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица, од кои за двајца постои основано сомнение...

Регион12 часа

Бугарија нема да отстапи од ветото без согласност на парламентот

Го потврдивме ветувањето дека темата за Северна Македонија задолжително ќе помине преку Народното собрание, изјави портпаролката во кабинетот на премиерот...

Свет16 часа

Русија тврди: Американската војска ослободи мајмунски сипаници од своите лаборатории

Мајмунската сипаница е увезена од Нигерија, каде што работат најмалку четири американски биолошки лаборатории, изјави Игор Кирилов, началник на силите...

Европа17 часа

Путин: Притисокот од непријателските земји е практично агресија

Притисокот од непријателските држави е „практично агресија“, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. – Предноста на интеграцискиот курс сега е...

Македонија21 час

Османи: Слободата на Северна Македонија и секоја друга европска земја денеска се брани во Украина

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на посетата на Украина оствари средба со својот домаќин Дмитро Кулеба. Ова...

Свет21 час

Лавров: Западот ѝ објави тотална војна на Русија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ги обвини западните земји дека водат тотална војна против Русија и рускиот народ...

Македонија22 часа

(Видео) Црвенковски: Договорот со Бугарија со формулацијата „заедничка историја“ беше голема грешка

Договорот со Бугарија не само што не затвори ниту едно прашање туку, напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа...

Македонија22 часа

Во Софија вонреден коалициски совет за Северна Македонија

На вонреден состанок на коалицискиот совет вечерва ќе се соберат владините партнери. Средбата е по барање на премиерот Кирил Петков....

Регион23 часа

Русија протера петмина хрватски дипломати

Русија прогласи за непожелни пет хрватски дипломати во хрватската амбасада во Москва, а на хрватскиот амбасадор му беше врачена нота....

Свет23 часа

Најбогатиот човек во Украина и сопственик на „Азовстал“ ќе ја тужи Русија

Најбогатиот човек во Украина и сопственик на фабриката за челик „Азовстал“, Ринат Ахметов, вели во Мариупол дека планира да ја...

Македонија23 часа

Османи во Украина: Она што го видов ме убеди колку е оправдан нашиот став за агресијата

Во рамките на својата работна посета на Украина, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, придружуван од претставници на украинската Влада,...

Македонија1 ден

Земјотрес утрово регистриран во Тетовско

Земјотрес од 3,6 степени утрово го стресе Тетовскиот Регион, а беше почувствуван и во Скопје. Според податоците, земјотресот се случил...

Свет1 ден

Медведев: Условите на Зеленски се категорични до идиотизам

Дмитриј Медведев денеска изјави дека условите што му ги постави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за примирје не се остварливи....

Свет1 ден

САД подготвуваат досега најмоќно оружје против Русија

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден се подготвува да го зголеми оружјето на Украина. Администрацијата има намера да го направи...