Македонија
Компании со лиценци за одгледување канабис, имаат интерес за извоз на сушен цвет

На предлог на Министерството за здравство, Владата ја разгледа и усвои Информација со предлог-барање за автентично толкување на членот 49 став 1 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци до Собранието.
Оваа постапка Владата ја покренува поради барањето на голем број компании со лиценци за одгледување канабис за медицински цели за извоз на сушен цвет од канабис, како и поради усогласување на недореченоста во Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, односно дали сушениот цвет може да добие третман на препарат на супстанции и растенија класифицирани во листите II и III, којшто е подобен за извоз надвор од територијата на Република Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 30 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 30 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 256 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 11 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 нови приеми на пациенти и 7 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примени 6 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 7 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 26 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 36 пациенти со симтоми на корона вирусот.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 81 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 13 пациенти. На ГАК има 4 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.
Вкупно 256 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.
Македонија
Затворен скопски локал кој нерегистриран работел над дозволеното, приведени 6 лица

Затворен е угостителски објект во Скопско, кој работел нерегистриран во 23 часот, а приведени се шест лица меѓу кои и сопственикот, соопшти полицијата.
„Вчера околу 23.10 часот, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба извршиле контрола во угостителски објект во селото Црешево, Скопско, при што било констатирано дека објектот не е регистриран и внатре биле затекнати пет лица и сопственикот С.С.(56) од с.Црешево“, велат од МВР.
Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а лицата биле приведени во полициската станица Гази Баба.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Македонија
Васев: Мицкоски да каже дали тој, Николовски или Ѓорчев се сретнале со Мијалков во „Мериот“

Во последните неколку недели, високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои Христијан Мицкоски, Александар Николовски, Влатко Ѓорчев, често биле во хотелот Мериот, изјави Стефан Васев од СДСМ.
Тој го повика Мицкоски да одговори дали во Мериот се остварувале средби со осудениот Сашо Мијалков.
„Зошто од толку хотели во земјава, во главниот град, се организираат партиски настани на ВМРО-ДПМНЕ и УМС токму во Мериот нека ценат граѓаните. Можеби поради долгот на Мицкоски кон Сашо Мијаков кој заедно со Груевски го стави на чело на ВМРО-ДПМНЕ? Јасно е дека спрегата Мериот-Белата палата се уште раководи со ВМРО-ДПМНЕ. Оттука и целата нервоза и паника во белиот дворец по донесената пресуда за предметот „Тврдина-Таргет“. Мицкоски не успеа да го спаси криминалот на режимот, не успеаја намерите да ги спаси од одговорност“, рече Васев.
Тој нагласи дека правдата и силната реакција на институциите го спречиле сценариото на Мицкоски, Груевски и Мијалков. Повтори дека законите важат за сите подеднакво.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер