Македонија
Конкурс за Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/10/midsection-of-journalist-holding-microphones-while-writing-on-note-pad-878027776-5ae3885e04d1cf003cf1fce5.jpg)
Отворен е конкурсот за истражувачки стории од земјите на Западен Балкан и Турција за годишната Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство.
На конкурсот може да се пријават сите новинари што објавиле истражувачки стории во периодот од 1 јануари до 31 декември 2019 година, поврзани со следните теми: слобода на изразувањето, владеење на правото, транспарентност, злоупотреба на моќта и основни човекови права, корупцијата и организираниот криминал.
Наградниот фонд за 2020 година (за новинарски производ објавен во 2019) изнесува 10.000 евра. Првата награда изнесува 5.000 евра, втората 3.000 и третата 2.000 евра.
На конкурсот може да се пријават поединци или групи новинари со свои дела од сите новинарски форми (печат, онлајн, радио и ТВ) објавени или емитувани во медиумите во земјата на македонски, албански, на некој од јазиците на заедниците или на некој од светските јазици.
Критериумот за учество е сториите со кои се аплицира да биле објавени во печатен, онлајн, радио или телевизиски медиум во календарската 2019 година.
Наградата од Европската Унија за истражувачко новинарство на Западен Балкан и Турција има цел да ги истакне и промовира извонредните постигнувања на истражувачките новинари, како и да ја подобри видливоста на квалитетното новинарство во земјите од Западен Балкан и Tурција.
Наградата е продолжение на регионалната Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство во земјите од Западен Балкан и во Турција и е дел од тековниот проект „Зајакнување на квалитетните вести и независното новинарство во земјите од Западен Балкан и во Турција“ администриран од Балканската истражувачка репортерска мрежа (БиХ) во партнерство со седум медиумски организации. Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници, како член на конзорциумот, ќе ги координира активностите поврзани со конкурсот во Северна Македонија.
Организациите вклучени во проектот имаат екстензивна експертиза во областа слобода на медиумите и локално и на меѓународно ниво се препознаени како силни независни медиумски организации.
Жири-комисијата за Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство е составена од експерти за медиуми, некои од нив и од проектниот конзорциум. Други, пак, се избрани од широката мрежа на контакти што ја имаат членките на конзорциумот, како што се уредници, универзитетски професори и искусни и наградувани новинари.
Рок за пријавување: 1 април 2020.
За повеќе детали јавете се во Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници: [email protected] или +389 2 2671 201.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.