Македонија
Координирана средба на охридските служби со цел безбедни новогодишни и божиќни празници
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/сост.1.jpg)
На иницијатива на СВР Охрид, денеска, во Општина Охрид се одржа работен координативен состанок со службите на локалната самоуправа, Пазарниот општински инспекторат, Трудовата инспекција, Инспекторатот за туризам, јавните претпријатија, како и претставници на хотелско-угостителските објекти.
Целта е поцелосно дефинирање на мерките и координирање на активностите со цел подобрување на севкупната безбедност во градот во пресрет на претстојните празници.
На работната средба претставниците на СВР Охрид и на службите што вршат дејности од јавен интерес договорија интензивни засилени мерки со цел новогодишните и божиќните празници во Охрид да помиат беспрекорно и без проблеми на безбедносен план, беа договорени тимска работа и ажурност, меѓусебна координација и зголемена мобилност на заедничките тимови за поефикасно дејствување на целото подрачје.
Ваква координативна средба СВР Охрид ќе оствари и со агенциите за обезбедување, кои во согласност со Законот за обезбедувањето имаат надлежности при физичкото обезбедување на објектите во градот со цел одговорна и доследна примена на нивните овластувања. Од агенциите ќе се бараат ажурирани безбедносни оперативни планови и прецизни прегледи на угостителските објекти, со кои имаат склучено договори за обезбедување во текот на претстојните новогодишни и божиќни празници, како и информации за одредени безбедносни согледувања и проблеми на терен, кои може да влијаат врз степенот на безбедноста на подрачјето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.