Македонија
Копањето на Водно продолжи на државен празник
Денеска продолжија градежните активности на Водно, откако претходно беа запрени со привремена одлука поради нерегуларности поврзани со обележување на теренот каде се копа, но и поради дозволите кои АД Македонски енергетски ресурси (МЕР) требаше да ги обезбеди.
Планинар кој случајно минувал низ парк-шумата „Водно“ ги известил активистите од иницијативата „Го сакам Водно“ и кажал дека се ископани околу 500 метри. Оттаму истакнуваат дека се особено револтирани поради одлуката да се продолжи со копање, посебно за време на празник.
Забелешките, кои претходно се дадени до надлежните институции сѐ уште не се отстранети, тврдат од иницијативата, бидејќи, просторот каде се вршат градежни работи се уште не е обележан.
„Од последната дебата не се донесе заклучок. Но, остана еден момент, дека треба МЕР да си ги извади потребните дозволи. За продолжување на копањето никогаш не беше договорено ништо. Ниту, Макрадули, ниту Шилегов потврди такво нешто. Тоа лебдеше. Беше кажано дека додека не се среди цела документација и не се направи ревизија на трасата, до тогаш нема да се продолжи со активности. Но, ништо не сменето. Нема табли, нема ознаки, сѐ е како што било претходно“, вели активистиката Мира Беќар.
Од иницијативата велат дека немало официјална дата за отпочнување на градежните работи, но клучно било отстранување на сите недостатоци.
Денес била исконтактирана и советничката од Град Скопје, Билјана Секуловска-Габер, која немала информации дека продолжува ископот на Водно за спроведување на проектот за гасовод. Од Град Скопје, нема одговор за тоа кој дозовлил да продолжат градежните работи на Водно. Сѐ уште е непознато и дали МЕР добиле дозвола за сеча, која претходно, како што тврдеа од инцијативата, не ја поседувале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

