Контакт

Македонија

Костадиновски по укинувањето на балансерот: Ако јас како мнозинство добијам 100 поени, а вие како малцинство 40 и вие ја добиете предноста, дали ќе имаме стручен јавен сектор

Објавено пред

Со мнозинство гласови денес Уставниот суд укина делови од одредбите на Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административни службеници, Методологијата за планирање на вработувањата на јавниот сектор, Правилникот за задолжителни елементи на јавниот оглас, Правилникот за формата и содржината на регистарот на вработените во јавен сектор кои ги содржат зборовите „припадност на заедницa“, како спротивни на Уставот. Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, по одлуката, повеќе од половина час ги образложуваше причините поради кои ја донеле одлуката за укинување на балансерот имајќи предвид дека се работи за чувствителната тема за јавноста, која предизвика остри напади и обвинувања лично за него и за Уставниот суд.

dobivaj vesti na viber

„Прво сакам да кажам дека е лага и манипулација тврдењето дека Уставниот суд со својата одлука укинал права на која било заедница. Тоа не е точно. Ние сме чувари на Уставот таков каков што е. Темелната соодветна и правична застапеност е тука, во Уставот и таа постои. Не може воопшто да стане збор за укинување на нечие право. Апелирам до граѓаните, до државните органи, политичарите ако навистина и мислат добро на Републиката, ако навистина сакаат правна држава во која ќе владее правото, своите јавно прокламирани ставови и заложби за владеење на правото, за европски вредности да ги усогласат со своите постапки. Секое делување надвор од овие рамки за мене е чиста манипулација со граѓаните каква што беше манипулацијата дека судот со своето постапување по ова или по кој било друг предмет, може да ги наруши политичките, етничките односи или да биде повод за дестабилизација. Секој, вклучително и политичарите, треба да ги почитува одлуките на судот. Не да ги политизираат и да ги етнизираат“, рече претседателот Костадиновски.

Нагласи дека ниту тој ниту Уставниот суд ниту досега правеле ниту отсега ќе прават компромиси со кого било и порача дека ако некој сака да продолжи да глуми дека имаме држава во која владее правото, тоа не е проблем на Уставниот суд. Нагласи дека  балансерот како мерка бил воведен во 2001 година оти бил неопходен затоа што нашиот поредок во тој момент имал аномалија која треба да се исправи

„Мерката била нужна  и неопходна. Но се поставува прашањето дали е исцрпена смислата на нејзиното постоење. Бројните репорти покажуваат дека таа е исцрпена во својата примена. Тоа значи дека кога ќе се судрат темелни вредности, ние судиите често при расправа за предмети се соочуваме да цениме кога имаме судир на уставни вредности. На пример, неспорно е дека темелната вредност соодветна и правична застапеност постои во нашиот уставен поредок, но постојат и други. Таква една е слободата на изразување на националната припадност. Друга таква е членот 9 принципот на еднаквост меѓу граѓаните, таква една е и дека секому под еднакви услови му е достапно секое работно место, таква е забраната за дискриминација по кој било основ. Кога вагаме, кога имаме случај на судир, ние превагнуваме која од овие уставни вредности во дадениот момент на нашата уставна реалност превагнува или прави потешка повреда на Уставот“ објасни претседателот Костадиновски.

Афирмативните акции, како што според Костадиновски, несомнено претставува нашата темелна вредност правична и соодветна застапеност има два клучни приципа. Едниот е нееднаквост во нееднаковоста, другиот е нееднаквост во еднаквоста.

„Двата, со оглед на тоа кој ќе биде применет, даваат сосема различни резултати. Ако се примени принципот нееднаковост во еднаквоста ние денеска немаше да расправаме за катастрифална состојба во поглед на услугите што државата треба да ги пружи на граѓаните за да си ги заштитат своите права. Што значи нееднаковост во еднаковоста? Тоа значи дека ако јас и вие на некој конкурс сме добиле 100 поени, јас сум од мнозинската заедница, вие сте од некоја од помалите заедници, вие ќе ја добиете предноста. Што значи нееднаквост во нееднаквоста? Ако јас како припадник на мнозинската заедница и вие од малцинската заедница добиете 40 поени, а јас 100 поени и вие ја добиете предноста, дали тоа ќе ни даде нас добар, стручен и компетентен јавен сектор? Апсолутно не“, рече Костадиновски.

Задолжителен елемент за јавен оглас за вработување повеќе нема да биде националната припадност оти никому со закон не смее да му се наложи да се изјасни. Податокот за национална припадност повеќе не може да се бара, собира и регистрира. Костадоновски ги повика пратениците, како законодавна власт, да донесат уставно втемелени измени или нови законски решенија за кои искуства може да црпат од канадското или американското општество кои се помултинационални од нашето.

Македонија

Филипче: Мицкоски е скапо платен спроведувач на интересите на држави кои не ѝ мислат добро на Македонија

Објавено пред

Од

За една година ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата на меѓународен план, станавме држава заложник на туѓи интереси, кажа претседателот на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната трибина „Мугра на Слободата“, во Крушево.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека Владата на ВМРО ДПМНЕ од држава со јасна иднина напред, ја направи држава заложник на туѓи интереси.

„За една година ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата на меѓународен план. Од држава со јасна иднина напред, станавме држава заложник на туѓи интереси кои што ја раководат оваа власт преку финансиско заложништво. Мицкоски е скапо платен спроведувач на политики на држави кои не и мислат добро на Македонија, туку ја гледаат само како поле за своите геостратешки интереси“, рече Филипче.

Тој обвини дека Мицкоски со новите задолжувања направил вистинско предавство на интересите на државата.

„Долговите од 7 милијарди евра ќе бидат камен околу вратот за секој млад човек и за развојот на државата во следните 10 години. Ова е вистинско предавство на националните интереси, вистинско предавство на државата“, рече Филипче.

Во обраќањето пред присутните граѓани во Крушево, Филипче рече дека премиерот Мицкоски ја турка Македонија во амбисот на криминалот, корупцијата, самоволието, киднапирајќи ја европската иднина за државата.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Филипче: Димитриевски му слугувал на Мицкоски за да се спаси од политички прогон

Објавено пред

Од

На вечерашната граѓанска трибина „Мугра на слободата“ која се одржа во Крушево, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето обраќање рече дека кумановскиот градоначалник Миксим Димитриевски му слугувал на Мицкоски за да се спаси од политички прогон.

dobivaj vesti na viber

„Максим Димитриевски конечно се потврди за што е влезен во коалиција со Мицкоски и која беше неговата цел. Не била само поделбата на СДСМ. Негова цел била да се спаси од правен прогон. Скандалозно е и преседан е во судството на само еден ден од носење на пресуда обвинението против него да се повлекува. И ова е јасен знак дека тој е политички заштитен од Христијан Мицкоски и дека е сега негов вечен должник. Јасно е зошто тројанскиот коњ Димитриевски беше задолжен да го дели СДСМ. Сега повеќе никој не му верува“, рече Филипче.

Оценувајќи ги меѓупартиските релации, тој во своето обраќање партиите ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ги нарече колаборациоалисти.

„ВМРО-ДПМНЕ и нивниот привезок ЗНАМ се колаборационисти. Со години лажат и шират хистерија дека тие ќе се „бореле со Бугарите“, а впрочем тие се тоа. Нема кој нема бугарски пасош од нив и не е проблем да имаш бугарски пасош, од било која причина – економска, социјална или лична – но лицемерно е да се правиш патриот дека ќе се бориш против „бугарски диктат“ а да имаш фирми во Бугарија, државјанства, и разни други интереси. За нив може ЕУ, за другите не може“, рече Филипче.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Ќе воведеме обврска институциите да одговорат на барањата на граѓаните, задолжително и во најбрз рок

Објавено пред

Од

Ќе воведеме обврска институциите да одговорат на барањата на граѓаните, задолжително и во најбрз рок, најави премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната трибина во Струмица насловена „Една година ги градиме темелите на македонското земјоделство и храна“.

dobivaj vesti na viber

„Свесен сум дека мора да направиме и многу други работи. И работиме на тоа. Мора да се знае дека граѓаните ќе бидат на прво место. Затоа предвидуваме гаранција за услуга, во рок од 5 дена во сите општини и институции. Тоа нема да биде желба , туку закон. Секој граѓанин ќе добие одговор. Навреме, точно и без чекање. Ќе воведеме нова услуга каде администрацијата, за првпат, ќе биде таа што ќе го бара граѓанинот, а не спротивно. Ставаме крај на молкот, одложувањата и бирократската ароганција. Ќе обезбедиме гарантиран максимум на чекање во институциите. Ќе постојат јасни граници и секое прекршување ќе се казнува. Почит за времето на граѓанинот ќе биде основна вредност на новата јавна администрација. Ќе воведеме Јавна листа со времиња на чекање по сите здравствени установи. Транспарентноста ќе стане стандард, пациентите ќе знаат каде ќе добијат најбрза услуга“, кажа Мицкоски.

Тој истакна дека во образованието ќе се воведе предмет за изучување на вештачката интелигенција.

„Воведување предмет за изучување на вештачка интелигенција во образованието. Нема повеќе да учиме само за минатото, ќе ги подготвиме генерациите за иднината, за новата економија, за дигиталната ера што веќе тропа на вратата. Ова е визијата што ја градиме“, посочи Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ8 часа

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...

Македонија9 часа

(Видео) Платата на пилотите во ДЗС покачена за 100 отсто како дополнителен мотив, кажа Ангелов

Платата на десетте вработени во Одделението за специјализирани воздухоплови во ДЗС им е покачена за 100% и им е даден...

Македонија9 часа

(Видео) Јакимовски: Унапредувањето на судијката Димовска е награда за мојата затворска казна

Начинот на кој е избрана судијката Даниела Димовска за вд претседател на Основниот кривичен суд Скопје ми дава за право...

Македонија10 часа

Можно е Костадинов да се кандидира за градоначалник на Струмица како независен кандидат

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, ја отвори можноста да се кандидира како независен кандидат за нов мандат, oткако СДСМ...

Македонија13 часа

Ковачев: За темите за идентитетот и за јазикот нема место во извештајот, се отвора Пандорината кутија

Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од...

Македонија14 часа

Бришењето на македонскиот јазик и на идентитетот од извештајот е еднакво лошо за нас како да стоеше модерен, вели Мицкоски

По објавите на бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент (ЕП) се согласиле од извештајот за напредокот...

Топ15 часа

Вршеле обљуба врз малолетнички и снимале со мобилен: уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово

Вчера во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во с.Горно Седларце и во...

Топ17 часа

Затаила над 50 милиони денари, ниту пријавувала ниту плаќала данок: кривична за сопственичка од Кавадарци

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т во својство на сопственик, управител и...

Регион19 часа

(Фото) Масовна евакуација на туристи поради пожар на Крит

Голем пожар во Грција продолжува да беснее во источниот дел од островот Крит, откако избувна вчера попладне во тешко пристапна...

Европа19 часа

Украински функционер: Европа прави сè што може, но ќе биде тешко без американско оружје

Украина ги повика САД да продолжат со „континуираната“ воена помош, по изненадувачката најава дека некои испораки на оружје за Киев...

Европа20 часа

(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2...

Свет20 часа

(Видео) Траект потона во близина на Бали: четворица мртви, десетици исчезнати

Четири лица загинаа, 38 се водат како исчезнати, а 23 се спасени откако ферибот со 65 лица потона во близина...

Свет21 час

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години

Пентагон објави дека американските напади ја уназадија нуклеарната програма на Иран за до две години, откако уништија три целни локации....

Свет21 час

Во Лос Анџелес луѓето мора да живеат во токсични куќи по пожарот: „Осигурителните компании нè измамија“

Луис Казарес беше меѓу ретките чиј дом остана недопрен по разорните пожари што ја опустошија населбата Алтадена, североисточно од центарот...

Свет21 час

ЦИА не оспорува дека Путин се обидел да му помогне на Трамп на изборите во 2016 година

Ревизијата на ЦИА откри недостатоци во подготовката на проценката на американското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин се обидел да...

Македонија1 ден

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ, најави ново политичко делување

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ, незадоволен од сегашното раководство и од насоката во...

Македонија1 ден

СДСМ објави 11 нови кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија1 ден

„Пулс“ ќе се суди во Основниот кривичен суд Скопје, предметот е доставен

Основниот суд во Кочани денеска го достави предметот за пожарот во „Пулс“ во Основниот кривичен суд Скопје, согласно одлуката на...

Македонија1 ден

Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи. Во објава на...

Македонија2 дена

„Вреди“ бара истрага за намерна манипулација со бројот на Aлбанците на пописот

Од „Вреди“, известуваат дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод...