Македонија
Костов: За празниците луѓето да не се групираат, најмногу од починатите се невакцинирани
На почитување на мерките за време на празниците и во рестораните, но и при дружби по дома апелираше денес директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов. Изминативе два месеца кај нив имало по педесетина заболени од коронавирус, кои биле на кислородна поддршка или на респиратор и очекува по празниците оваа бројка да не се зголеми значително.
„ Знам дека доаѓаат празници и апелирам, колку и да звучи чудно, луѓето да не се групираат. Секоја кафеана има протокол, може да влезат само вакцинирани лица, има протокол за максималниот број гости и сметам дека сите треба даги почитуваат протоколите и пропишаните мерки и за кафеанското работење, но и за дружбата по дома со цел да немаме поголем број заболувања од Ковид-19“, рече директорот Костов.
Тој уште еднаш укажа на важноста на вакцината за заштита од Ковид-19.
„ Најголем процент од болните кои завршуваат со летален исход се невкцинирани пациенти. Ве молам, што е можно побрзо примете ја вакцината“, апелира директорот Костов.
Во „8 Септември“ одделот за интензивна нега е постојано полн со пациенти. Директорот Костов вели дека кај нив доаѓаат главно пациенти кои веќе биле сместени во некоја друга здравствена установа, но им се влошила клиничката слика. Старосната граница била од 30 години нагоре.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.
Македонија
Сончево и релативно топло, максималната температура до 20 степени
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

