Македонија
Коце Трајановски ја презеде директорската функција во „Државни патишта“

Во просториите на Јавното претпријатие за државни патишта беше извршено примопредавање на директорската функција.
Новиот директор Коце Трајановски ја презеде функцијата од Ејуп Рустеми.
Рустеми го запозна Трајановски со состојбите и функционирањето на претпријатието.
„Денес, ја презедов функцијата директор на Јавното претпријатие за државни патишта.
Благодарам за дадената доверба од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, за да го водам ова јавно претпријатие.
Ќе работам чесно и посветено сè со цел да се реализираат што повеќе проекти, кои ќе ги подобрат условите за живеење на граѓаните“, напиша Трајановски на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.