Македонија
Кошта: На Северна Македонија да ѝ се гарантира дека нема да има нови барања, но договореното мора да се исполни

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека Република Северна Македонија треба да ги исполни преземените обврски за да може да напредува во процесот на преговори за членство во Европската Унија.
На заедничкиот брифинг со бугарскиот премиер Росен Жељазков, Кошта изјави дека го разбира одреденото незадоволство кај Северна Македонија поради многуте чекори што веќе ги направила – промена на Уставот, знамето и името на државата, но нагласи дека „одобреното е одобрено, договореното е договорено и мора да се исполни“.
„Во исто време, многу е важно да се изгради доверба. И да ѝ се гарантира на Северна Македонија дека она што го очекуваме и сакаме во моментот не е само нешто што го сакаме сега и очекуваме во иднина. Нема да бараме ништо повеќе да се прави подоцна. Ова е разумно. Исклучително е важно да се изгради доверба. Тоа е една од причините зошто ги повикуваме повеќето влади да работат на специфични прашања што може да ја подобрат поврзаноста на двете страни“, рече Кошта, пренесе БНТ.
Додаде дека лично е многу вклучен во овој процес. Ги посетил и Бугарија и Северна Македонија, разговарал многупати со премиерот, со претседателот Радев, со претседателот на Северна Македонија, со премиерот Мицкоски.
„Верувам дека по изборниот период, кој моментно е во Северна Македонија, можеме да разговараме и некако да постигнеме напредок во овој процес“, вели Кошта.
Жељазков повтори дека позицијата на Бугарија останува непроменета и дека Софија е доследна во своите ставови.
„Нашата позиција секогаш била принципиелна. Компромисното француско предлог-решение беше одобрено и од Советот и од бугарското собрание. Нема промена на нашите принципи или пристап“, нагласи тој.
Посочи дека Бугарија очекува почитување на договорот за добрососедство и вметнување на Бугарите во Уставот.
„Верувам дека жалбата до Уставниот суд на Република Северна Македонија на потпишаниот протокол кон договорот за добрососедство беше апсолутно неоправдана, експлицитно, и е дел од консензусот од 2022 година. Никогаш не сме барале аргументи во внатрешнополитичките дебати во Република Северна Македонија, но се надеваме дека говорот на омраза и почитувањето на правата на бугарското малцинство, вклучително и обврската да бидат вклучени во Уставот на Република Северна Македонија, ќе бидат исполнети бидејќи тоа е предуслов за нивно продолжување по патот на полноправно членство“, додаде.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јавен обвинител бил во „Макпрогрес“ ама увидот не е почнат, пожарот уште тлее

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Кочани бил во фабриката „Макпрогрес“ но, како што информира Државното јавно обвинителство, увидот се уште не е почнат бидејќи пожарот не е во целост изгаснат и се уште траат активностите за обезбедување на локацијата.
– Во меѓувреме, јавниот обвинител издава наредби и насоки за други дејствија за целосно испитување на настанот, информираат од Јавното обвинителство.
Пожарот во фабриката за кондиторски производи и вафли избувна вчеравечер околу 18 часот при што беа опожарени магацински и производствени погони. Покрај пожарникарите од Виница, во гаснењето беа вклучени и пожарникари од неколку соседни општини.
Сите се во стабилан здравствена состојба. На осум лица, вработени во фабриката, им била укажана лекарска помош во Клиниката за токсикологија во Скопје. Четворица од пожарникарите кои учествуваа во гаснењето на пожарот, биле примени во Општата болница во Кочани, а една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип.
Македонија
Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од Скопје.
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот се гасне и од воздух и дека се вклучени два „ер трактора“ и еден полициски хеликоптер.
– Во гаснењето учествуваат повеќе екипи на БППЗ Скопје, тим на ДЗС, два ер трактора на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
Македонија
Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба, соопштија попладнево од Министерството за здравство.
Осум лица, вработени во фабриката, биле на Клиниката за токсикологија во Скопје, една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип, а четворица пожарникари во Општата болница во Кочани.
Во гаснење на пожарот во Виница, покрај пожарникари од виничката Територијална противпожарна единица, вчера биле вклучени и пожарни единици од соседните општини.
Според последните информации од Центарот за управување со кризи, до 12 часот денеска, пожарот во фабриката е ставен под контрола.