Македонија
Кумановското обвинителство ќе истражува дали Заев поткупувал гласачи

Предметот за наводниот обид за поткуп на гласачи пред референдумот од страна на премиерот Зоран Заев е во рацете на кумановското обвинителство. Како што информираше јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, три пријави биле поднесени до скопското обвинителство, а потоа се препратени до Обвинителството во Куманово и по нив се постапува за проверка на наводите од кривичната пријава.
,,Станува збор за споени три кривични пријави од две политички партии и од едно здружение, а се против премиерот Зоран Заев за говор одржан пред референдумот. Пријавите се поднесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Глас на Македонија и од Светскиот македонски конгрес”, вели Бајрами.
ВМРО-ДПМНЕ го обвини Заев дека отворено на митинг повикал бизнисмените со пари да ги мотивирале вработените да гласаат на референдумот, посочувајќи една компанија чиј сопственик веќе му ветил дека ќе го стори тоа.
Владејачката партија СДСМ реагираше на обвинувањата, тврдејќи дека Заев како премиер е посветен на градењето социјална држава и поради тоа се грижи за стандардот на работниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје
Дел од Карпош и Гази Баба без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улиците Будимпештанска и Љубица Георгиева (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од с.Стајковци, место викано Попово Маало.(општина Гази Баба)
Македонија
Умерено до значително облачно, во југозападните делови ќе има повремен локален слаб дожд

Времето денеска умерено до значително облачно. Претежно во југозападните делови ќе има повремен локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за локална појава на краткотраен дожд. Во почетокот на новата работна седмица времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во некои од пониските места со врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Македонија
Битиќи: Странските инвеститори си заминуваат, Владата со хартија гаси пожар

„Доколку ги тргнеме слоевите на сложениот правен вокабулар и бирократскиот јазик на измените и дополнувањата на Законот за технолошки индустриски развојни зони, останува едноставна реалност – ова е „пожарна мерка“ за негативните трендови кои ја погодуваат индустријата и странските инвестиции, со хартија ќе се гаси пожар“, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи во дискусија по однос на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони.
Битиќи посочи дека овие измени и дополнувања не со случуваат во вакуум, туку во момент кога голема странска компанија најави напуштање на една од зоните, а неколку други најавија намалување на бројот на вработени.
„Очигледно власта не знае и нема механизам како да одговори на овој предизвик. Затоа пред нас се измени и дополнувања со кои празниот простор во зоните ќе се пополнува со компании што се најблиску до нив. Не може да зборуваме за спроведување на политика што води кон економски раст, може да зборуваме само за административно решение наменето за привидно одржување на нивото на инвестициите зоните“, рече Битиќи и потсети дека бројот на вработените во индустријата во декември 2024 година е намален за 4,7% во споредба со истиот месец претходната година. Истовремено, индустриското производство е во пад од 1,4%, а извозот, кој во најголем дел се должи на странските компании во зоните, се намалил за речиси 88 милиони евра во декември споредено со месец претходно.
Според него, ова не се мали флуктуации – ова се алармантни показатели дека активностите во зоните се намалуваат, дека странските инвеститори го губат интересот и дека Владата нема одговор на кризата што веќе е во полн замав.
„Во обид да се прикаже привиден раст на активноста во индустриските зони, предлагачите на овој закон воведуваат можност за „релокација во зона“, што е механизам за пополнување на испразнет простор. Наместо привлекување нов капитал и одржливи инвестиции, компаниите што се наоѓаат до 50 километри оддалечени од ТИРЗ ќе можат да се преселат во зоните“, рече Битиќи, притоа дополнувајќи дека ограничувањето на растојанието од 50 километри како критериум за релокација е целосно произволно и во отсуство на економска логика.
Битиќи нагласи дека нема студија, нема анализа, нема објаснување зошто токму 50 километри се сметаат за оптимална граница, притоа прашувајќи дали ова значи дека компанија што е на 51 километар не може да се пресели, но онаа што е на 49 километри може? Или пак дали ова растојание е утврдено врз основа на нечии политички интереси?
„Имаме нелогичност која зборува за тоа дека ова решение е арбитрарно и изнудено“, рече Битиќи.