Контакт

Македонија

ЛДП со иницијатива за украинските топоними, Киев е Киив

Објавено пред

Иницијатива за донесување на Одлука на Владата за употреба на локалните топоними за населените места во Украина на украински јазик, со нивна транслитерација на македонски јазик, поднесоа ЛДП под водство на Емил Кирјас и потпретседателката Моника Зајкова.

dobivaj vesti na viber

Тие иницираат наместо Киев треба да се употребува Киив, наместо Запорожје треба да се употребува Запорижија, наместо Луганск треба да се употребува Луханск, наместо Мариупол треба да се употребува Мариупиљ, наместо реката Дњепар треба да се употреби Днипро, и други примери.

„Воедно, предлагаме Владата да донесе одлука конечно да престане да се употребува неприфатливото именување на Република Беларус на македонски јазик како „Република Белорусија“ за што белaрускиот народ, како што самите се нарекуваат (а не белорускиот!) и државата веќе се имаат изјаснето со соодветни јазични, законски и уставни измени. Препорачуваме, во македонскиот јазик исто така да се употребува и уставното име „Република Латвија“ наместо досегашното име преземено од руското наименување „Република Летонија“, се вели во соопштението на партијата.

Во иницијативата има и предлог до Министерството за надворешни работи, во најкус можен рок, а во соработка со Амбасадата на Украина во Скопје, да и предложи на Владата соодветна одлука во оваа насока, со која ќе им се наложи на сите институции во државата да ги користат украинските топоними во македонскиот јазик. Императив според Зајкова и Кирјас е сите овие одлуки да се донесат пред преземањето на претседателството на ОБСЕ од страна на Р.С. Македонија на 01 јануари 2023 година.

„По посетата на Украина на крајот на август оваа година, во екот на руската агресија, ни беше предочено дека реализацијата на руската експанзионистичка и империјалистичка политика во доктрината на непризнавањето на украинскиот јазичен и етнички идентитет се манифестира и преку употребата на руските топоними за украинските населени и географски места, наместо на соодветните украински топоними. Таа практика може да се забележи во официјалната употреба за топонимите за населените места во Украина и на македонски јазик“, велат од партијата.

Владата на Македонија, додаваат од оваа партија, ја осуди руската агресија врз Украина, а Собранието речиси едногласно донесе Декларација со осуда на руската инвазија и поддршка на Украина, а Генералното Собрание на ОН во два наврати ја осуди руската воена интервенција, а воедно ги прогласи таканаречените референдуми и последователната еднострана анексија на суверена украинска територија од страна на Русија како неприфатлива и нелегална, и побара напуштање на руските воени сили на Украина.

„Македонскиот народ и македонските граѓани имаат морална обврска да застанат во целосна одбрана на украинскиот национален и етнички идентитет и самобитност. Тоа е врвен македонски национален интерес. Со одбрана на украинскиот идентитет и самобитност, се брани воедно и македонскиот идентитет и самобитност, како и вековното опстојување на двата идентитети“, додаваат од партијата.

Македонија

(Видео)Стоилковски: Дали Ковачевски и Арсовска договарале провизија на средбата од набавката на нафта од фирма на пратеник од власта?

Објавено пред

„Резултат на тајните средби на Ковачевски со Данела Арсовска е целосен колапс на сообраќајот во Скопје денеска. Јавниот превоз крахира, скопјани се нервозни, а причината за тоа е тендер коалицијата Арсовска со Ковачевски. Хаосот во Скопје е резултат на тајните средби на кои што Ковачевски и Арсовска се договарале за тендер на којшто нема попуст од 6 денари за литар, 900.000 евра годишно, токму пари колку што треба да се исплати долгот и да нема протест денеска“ рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

dobivaj vesti na viber

Стоилковски напомена дека „тендерот за набавка на нафта е за набавка од 14.500.000 литри. Доколку би имало попуст од 6 денари, којшто бил практика во досегашните набавки на ЈСП, тоа се 1.400.000 евра заштеда. А, таа сега ја нема. Оваа набавка е од компанија на пратеник од власта“.

„Јавноста заслужува одговор дали на тајната средба што ја призна Ковачевски, е договаран процент на провизија кој што треба да се исплати во приватни џебови и затоа нема вообичаен попуст каков што имало десетина години претходно за ЈСП. Дали е точно дека попустот којшто ЈСП го договарал со набавувачот на нафта, попуст којшто сега го нема во договорот, наместо за пари за превозниците, ќе заврши во џебот на сметководител од Ѓорче Петров во Скопје, близок до Данела Арсовска, којшто во позадина управува со ЈСП?“ прашуваат од опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео)Томовски: Собрани се 845 идеи од граѓани и истите ќе бидат преточени во буџетски проекти за реализација за 2023 година

Објавено пред

„Во текот на изминатиов викенд, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со нивните стручни тимови беа дел од проектот „Биди дел од промените што носат иднина”. Тие, ги отворија вратите на општините за граѓаните, кои во огромен број дојдоа и дадоа допринос за креирање на општинските буџети. Како резултат на исцрпни разговори, со илјадници граѓани ширум Македонија, во сите општини каде градоначалниците се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, собрани се над 800 идеи за проекти, или поточно 845 идеи кои ќе бидат разгледани и добар дел преточени во буџетски проекти, и за истите ќе бидат предвидени средства за нивна реализација“ рече денеска на прес-конференција Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Тој напомена дека „од јануари до декември 2023 година, оние проекти кои ќе бидат прифатени и за кои ќе има финансиска сила и можности ќе се реализираат! Следува година на изградба на училишни и културни сали, училишта, градинки, улици, водоводни и канализациони системи, паркови и обнова на веќе постоечки инфраструктурни објекти“.

„Оваа акција ја спроведовме за заедно со граѓаните, да го трасираме патот за развој на секое населено место. Само граѓаните кои живеат во населените места ширум државата, знаат што е најпотребно за нивната непосредна околина. Затоа нема повеќе луѓе во кабинети да одлучуваат како ќе се трошат нивните пари, туку тие самите“ рече Томовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Јапонија донира нов ехо-апарат вреден 54.094 евра во општата болница Куманово

Објавено пред

Амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Савада Хиронори, присуствуваше на церемонијата за комплетирање на GGP-проект во Јавната здравствена установа (ЈЗУ) Општа болница Куманово.

dobivaj vesti na viber

Церемонијата беше организирана од страна на градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, и директорката на ЈЗУ Општа болница Куманово, Снежана Захариева, во знак на благодарност за донацијата.

Со овој проект Јапонија овозможи ЈЗУ Општа болница Куманово да добие нов Canon кардиолошки ехо-апарат, во вкупен износ од 54.094 евра.

„Во изминатата година, со донираниот ехо-апарат, секој месец се прават 40-50 прегледи на пациенти“, вели д-р Захариева.

„Со помош на новиот ехо-апарат, пациентите од 6 општини во Североисточниот Регион добиваат навремена дијагноза и прецизна терапија“, рече амбасадорот Савада.

Во текот на посетата, амбасадорот Савада имаше кратка средба со градоначалникот на општина Куманово, Димитриевски, и директорката на ЈЗУ Општа болница Куманово, Захариева. За време на средбата тие разговараа за можностите за идна соработка.

Преку GGP, досега, Јапонија финансираше над 60 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од повеќе од 3 милиони евра конкретно во медицинска опрема, реновирање на клиники и возила за брза помош. Дополнително, Јапонија во последните две години ги опремува јавните здравствени установи со медицинска опрема во вредност од 813.000 евра како итна помош за Ковид-19, дел од Програмата за економски и социјален развој и дополнителна нефинансиска помош понудена во лекови за 100 пациенти со Ковид-19.

Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 73 училишта и градинки, 64 здравствени установи и обезбеди 34 специјализирано возило за управување со отпад и комунални услуги за 51 општинa.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Јовановски: Ова не е бавча на Арсовска, граѓаните треба да ѝ се лутат на неа

Ленин Јовановски од „Слобода превоз“ кажа дека блокадите не само што остануваат, туку и ќе ги прошират сè додека не...

Македонија47 минути

Весна Дамева е нова претседателка на Судскиот совет

Весна Дамева е нова претседателка на Судскиот совет. Дамева беше избрана со десет гласа за и еден против. Од гласањето...

Македонија1 час

Герасимовски поднесе оставка од функцијата директор на Академијата за судии и обвинители

Судијата Зоран Герасимовски поднесе оставка од функцијата в.д. директор на Академијата за судии и обвинители, а поради конфликт на интереси,...

Свет1 час

Меркел: Ако Путин ја нападнеше Украина во 2008 година, ќе ја прегазеше

Ангела Меркел пред околу една година ја напушти функцијата германска канцеларка како хероина на слободниот свет. На прошталната церемонија на...

Македонија2 часа

Охрид меѓу петте најпотценети градови на Балканот

Угледниот магазин „Форбс“ објави листа на петте најпотценети градови на Балканот. Балканскиот Полуостров, опремен со живописни плажи, прекрасни планини и...

Македонија2 часа

Дојави за бомби во училишта во Кавадарци

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска околу 07 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса...

Свет3 часа

(Видео) Експлозија на руски аеродром: Се запали резервоар за гориво, има загинати и повредени

Три лица загинаа во експлозија на резервоар за гориво на аеродромот во близина на рускиот град Рјазан. Шест лица се...

Европа3 часа

Макрон: Имам директен контакт со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека одржува редовни разговори и директен контакт со рускиот претседател Владимир Путин. „Секогаш одржувам редовни...

Економија4 часа

На сила стапија ограничувањето на цената на руската нафтата и забраната за увоз во ЕУ

Денеска стапи на сила ограничувањето на цената на руската нафта од 60 долари за барел договорено од ЕУ, Г7 и...

Свет4 часа

Убиен чеченски блогер во Шведска, голем критичар на Кадиров

Познатиот чеченски антирежимски блогер Тумсо Абдурахманов е убиен во Шведска, потврди чеченското опозициско движење 1ADAT. Според извештаите, Абдурахманов бил убиен...

Свет4 часа

Дојава за бомба во авион за Бристол, летот пренасочен кон Прага

Летот на компанијата „Изиџет“ од Краков, Полска, до Велика Британија безбедно слета откако беше пренасочен кон Прага поради извештаи за...

Македонија4 часа

Блокирани клучните крстосници во Скопје поради протест на превозниците

Поради протестот на приватните автобуски превозници, денеска во Скопје од раните утрински часови има посебен сообраќаен режим. „Министерството за внатрешни...

Македонија23 часа

Османи смета дека уставните измени треба што побрзо да стигнат во Собранието и темата да биде затворена

Темата за уставните измени треба што побрзо да биде отворена во Парламентот вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој...

Регион24 часа

Остри реакции во Бугарија по ветото од Холандија

Најавата на Холандија дека одлучила да го блокира приемот на Бугарија во Шенген зоната без гранична контрола предизвика остри реакции...

Свет1 ден

Огромна победа за жените во Иран, укината полицијата за морал, можеби ќе падне и задолжителниот хиџаб

По неколкумесечните протести во кои загинаа повеќе од 300 луѓе, Иран одлучи да попушти и да ја укине моралната полиција....

Економија1 ден

Бо Буџетот за следната година 800 милиони евра капитални инвестиции

Капиталните инвестиции во Буџетот за 2023 се проектирани на 800 милиони евра. Владејачкиот СДСМ коментира дека буџетот за наредната година...

Економија1 ден

Бислимоски: Домаќинствата со 16,32 проценти помала потрошувачка на струја

Домаќинствата за 16,32 проценти ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во скапа (висока) тарифа откако се воведени блок тарифите, покажуваат...

Македонија1 ден

Најстудено на Попова Шапка, снег во Маврово

Утрово најстудено е на Попова Шапка (минус еден степен), а најтопло во Гевгелија (9 степени). Управата за хидрометеоролошки работи соопшти...

Свет1 ден

Трамп повика на укинување на американскиот устав по објавата на интерните мејлови на Твитер

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повика на укинување на Уставот на САД со цел да се сменат резултатите од претседателските...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Предложени 458 проекти низ општините, граѓаните за првпат одлучуваат за што ќе се трошат нивните пари

„Огромна заинтересираност и предложени 458 проекти од страна на граѓаните за само еден ден низ општините каде градоначалниците се од...