Македонија
Левицата: Протест против насилието на министерот Јетон Шаќири во населба Чашка

Безаконското самоволие на министерот Шаќири ескалираше со гневни протести на населението од населба Чашка. Гневот на родителите се излеа врз ВД директорката Елена Николова, назначена од страна на министерот Јетон Шаќири откако ѝ ги одзеде на општина Чашка ингеренциите врз училиштето, соопштија од Левица.
Појаснуваат дека директорката Елена Николова оттогаш директорува без училишен одбор, игнорирајќи дека по закон училишниот одбор е орган на управување со училиштето.
За тоа време, како што велат, таа презема повеќе дејства кои се спротивни на Законот за основно образование.
„Во ООУ „Тодор Јанев“, во населба Чашка, општина Чашка формирана е паралелка во прво одделение, без да се изврши упис на учениците во склад со член 60 од Законот за основно образование. При тоа, не е почитувана ниту реонизацијата (чл.63 од Закон за основно образование). Родителите на запишаните ученици немаат адреса на живеење во населба Чашка.
Паралелката се формира со само шест ученика и тоа на албански наставен јазик што е во спротивност со Статутот на училиштето! Во село Горно Јаболчиште, општина Чашка работи ООУ „Лирија“ и во истото наставата се одвива само на албански наставен јазик.
И покрај евидентните и груби повреди на Законот за основно образование, полицијата место да го штити законот, ја заштити ВД директорката Елена Николова, која со полициска придружба седи на работното место, од каде што по порачка на министерот Јетон Шаќири продолжува да го крши законот“, реагираат од Левица.
Додаваат дека Левица дава целосна поддршка на родителите во нивната праведна борба против кршењето на законите, што го спроведува најнеспособниот министер за образование. Го повикуваат Државниот инспекторат да ги констатира направените повреди и да покрене соодветни постапки пред надлежните органи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Илинден, Арачиново и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од ФРЕШ ФАРМ С.МРШЕВЦИ,ФЕЦ СИМАО 1,2.3, ФОТО СОЛАР, СИТИ ФЕШ, МЕЦ СОЛАР, СОЛАНТ, МИЈАК (општина Илинден)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.БУНАРЏИК (општина Илинден)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.ГРУШИНО (општина Арачиново)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.АЈВАТОВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот дел од корисниците на УЛ.МИЛАН МАРКОВИЌ БР.2-8. (општина Карпош)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.МРШЕВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од ФРЕШ ФАРМ С. МРШЕВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.БУНАРЏИК (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од ФЕЦ СИМАО 1, 2, 3, ФОТО СОЛАР, СИТИ ФЕШ, МЕЦ СОЛАР, СОЛАНТ, МИЈАК (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.ГРУШИНО (општина Арачиново)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.АЈВАТОВЦИ (општина Илинден)
Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека на ден 08.05.2025 година ( Четврток ):
· Поради уличен дефект на ф 65 мм на бул, Партизански Одреди бр.63, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Борка Талески и Зграда бр,63 на бул Партизански Одреди од 22:00 часот до завршување.(општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно време, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови од земјата, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во наредните денови ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во сабота повремено засилен северен ветер. Во недела попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.