Македонија
Левицата: Владата ќе нè задолжи со 21,5 милион плус 200 илјади евра провизија за „реформи“ во основното образование

Деновиве, пред пратениците во Собранието треба да се најде предлог-законот за задолжување на Република Македонија, со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светската банка, соопштуваат од Левицата.
Од партијата реагираат дека станува збор за закон од само шест члена, со кој државата ќе се задолжи со 21,5 милион евра и ќе плати првична провизија од 21.500 евра и 11-годишни провизии од 0,25 % провизија од неповлечениот износ на кредитот.
„Ова се пари со кои дополнително ќе пропаднеме во калта на должничкото ропство ако се земе предвид дека моментниот јавен долг изнесува 59 % од БДП. Ваквиот тренд на задолжување во други држави би го вклучил црвениот аларм. Но, власта предводена од СДСМ, без никаква транспарентност и образложение, продолжува да се задолжува“, реагираат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Заев за случајот со Мијалков: Испратена е порака дека системот функционира

Испратена е пораката дека системот функционира. Треба да знаат граѓаните дека сме на добар пат во јакнењето на правниот систем, рече премиерот Зоран Заев во врска со случајот со Сашо Мијалков, првообвинет во случајот „Таргет-Тврдина“, на седницата за пратенички прашања во парламентот.
„Тоа што секој сегмент на нашето општетсво, а тоа е извршната власт, преку министерствата за внатрешни работи и за правда, судската власт преку судовите и Обвинителството преку самите обвинители, го завршија својот дел од работата за да нема каде да се крие, да бега, да калкулира, обвинето лице што е пред изрекување казна затвор, а тоа е Сашко Мијалков, и се појави во Обвинителството, се предаде“, рече премиерот Заев.
Целиот овој амбиент вчера, додаде тој, ја испрати пораката дека системот може да биде ставен во функција почитувајќи ги законите.
Тој рече дека само со владеење на правото може да се спроведат реформите и во другите области со цел рамноправност со развиените земји.
„Граѓаните треба да знаат дека 11-годишниот режим има оставено траги на коруптивен и влијателен начин, а сепак има разрешници на вакви крупни случаи, кои се симбол на борбата против криминалот и корупцијата“, рече Заев.
„Судиите се лицето на правдата. Ваквите процеси во ниедна земја не се едноставни, не се ни кај нас. Убеден сум дека мониторингот на нашиот народ и позитивниот притисок ќе придонесе да се забрзаат овие постапки. Обвинителите и судиите никому ништо не должат. Треба да ги зголемат ефикасноста, транспаретноста, делењето на правдата еднакво за сите за да имаме реформирано правосудство како трајна придобивка“, рече Заев.
Македонија
Времето утре ќе биде сончево со температура до 22 степенa

Времето утре ќе биде сончево, топло и претежно тивко. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степенa.
Во Скопје сончево и топло со услови за слаба утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 20 степени.
В сабота во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Претпладне ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Попладне, поради продор на постудена воздушна маса, облачноста ќе се зголеми и ќе почне да дува умерен, по должината на Повардарието засилен ветер од северен правец. Од недела ќе има позначителен пад на температура, особено на дневната, а ќе има и повремено зголемување на облачноста.
Македонија
Министерството за култура: Нема да навлегуваме во математиките на партиите

Министерството нема да навлегува во математиките на партиите. Културата обединува, а не пресметува, реагираат од Министерството на прес-конференцијата на коалицијата меѓу Алтернативата и Алијансата за Албанците.
„Фактот дека лани е направен долг од 3 милиони евра на штета на културните работници и уметниците доволно говори за ланската математика што била правена во Министерството, а сега е предмет на финансиската полиција“, велат од таму.
Министерството за култура, пишува во реакцијата, останува доследно на ставот дека основни критериуми според кои работеа комисиите одлучувајќи по пријавите за годишниот конкурс беа: квалитетот на проектите, нивното значење за јавниот интерес во културата, нивната релевантност во животот на граѓаните, поддршка на автори од разни етнички заедници, стимулирање креативни млади творци, на ранливи и маргинализирани групи, како и реално вреднување на трудот за да се заштити достоинството на авторот.
„Нашата земја е мултикултурна, вредност што сите заедно мора да ја негуваме и почитуваме“, се наведува во реакцијата.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер