Македонија
Левица во Собранието поднесе предлог-закон за враќање на правото на работниците на надомест за патни трошоци

Во време кога работниците едвај преживуваат, додека олигархијата и политичките елити беспоштедно ги полнат своите џебови, Левица во Собранието поднесе предлог-закон за враќање на правото на работниците на надомест за патни трошоци.
Со оваа мерка, велат од партијата конечно ќе се исправи долгогодишната неправда, со која трошоците за доаѓање на работа им беше наметнат на товар ма работниците.
„Ова законско решение предвидуваме работодавачите да обезбедат превоз или целосно да ги покријат трошоците за патување на работниците, како што, впрочем, е уредено и во други земји. За жал, пратениците кои без срам земаат стотици илјади евра за патни трошоци – не го изгласаа предлот на Левица за ограничување на истите и прекинување на злоупотребите. Сега, очекуваме пратениците коишто беа загрижени за трошоците за доаѓање на работа, да покажат доблест и барем делумно да си ги изедначат правата со македонскиот работник. Ги повикуваме владејачкото мнозинство да престане со својата политичка ароганција, да ги надминат теснопартиските калкулации и конечно да гласаат во интерес на работниците. Одбивањето на овој предлог ќе биде уште еден доказ за нивната себичност и дека владејачката структура е глува за проблемите и апелот на народот, односно одлепена од реалноста“, се вели во соопштението на Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Аеродром, Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од село Крушопек, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, Дел од корисниците на ул.1 во село Копаница, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците на улиците Руди Чајавец, Милан Зечар, Коста Новаковиќ, општина Аеродром;
– Во периодот од 10:30 до 12:00 часот, корисниците на дел од село Бардовци, кај пругата, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно време, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, информира УХРМ.
Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во следните денови ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, особено во деновите од викендот.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп

Сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп од ноќеска, во 01:20 часот е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно од АМСМ информираа дека поради товарно моторно возило сообраќајот беше попречен и се одвиваше по стариот пат низ село Росоман.