Македонија
Левица: Градоначалникот Стојкоски и ДПМНЕ се впуштија во брза косоваризација на Ѓорче Петров
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/FB_IMG_1712334140718.jpg)
Откако советниците од ДПМНЕ во Советот на Општина Ѓорче Петров, со претходен амин од министрите на СДСМ, го изгласаа криминалниот ДУП С3 16, веднаш се пристапи кон косоваризација на општина Ѓорче Петров.
ДУП-от СЗ 16, шверцерски, на вонредна седница се донесе на 17 февруари 2024 година, а според огласите од 15 март 2024 година, може да се заклучи дека шефот на урбаната мафија – Стојкоски, експресно брзо издал одобренија за градење, односно постапил по претходно договорен ,,дил”, велат од Левица.
Неодамна, како што додаваат од оваа партија, на косовски веб-портали осамнаа огласи за продажба на станови со локација на спорниот ДУП.
„Становите веќе почнале да се продаваат, а во огласите се вели дека бетонските чудовишта би биле готови за 2 години.
Левица постојано апелираше за штетните последици од криминалниот ДУП С3 16. На оваа локација се предвидени над 20 висококатници односно над 30 станбени згради, над 3.000 станови, над 10.000 нови жители односно 2.675 нови возила.
Сето ова на сметка на водоснабдувањето на Ѓорче Петров и Скопје, трајно загрозување на бунарското подрачје и питката вода, канализациониот систем на општината, хуманото живеење и животната средина.
Единствено е непознаница за граѓаните на Ѓорче Петров колку од проценетите 240 милиони евра ќе завршат во џебот на основоположникот на косоваризацијата на Ѓорче Петров – Стојкоски и ДПМНЕ“, реагираат од оваа партија.
Го прашуваат градоначалникот Стојкоски: Дали училиштата во општина Ѓорче Петров се спремни за формирање на албански паралелки?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.