Македонија
Левицата: ДПМНЕ, ЗНАМ и „Вреди“ не гласаа за законот за забрана за градење опожарени подрачја

ДПМНЕ, ЗНАМ, ВЛЕН не гласаа за измените на Законот за заштита на шумите предложени од Левица. Законот за забрана за градење на опожарени подрачја не помина, велат од Левица.
-Со измените се предвидуваше 50 години забрана за урбанизација, изградба на објекти, изградба на фотоволтаични централи и сеча на дрвја на земјиште зафатено од пожар. Целта ни беше законски да ги отстраниме овие мотиви за подметнување на пожари, рече Јанчев, пратеник на Левица.
За тоа која е целта и која им е намерата на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ да не гласаат за закон кој е во прилог на граѓаните и во заштита на животната средина Јанчев само кратко рече„треба нив да ги прашате“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од населбата Драчево денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе остане дел од населбата Драчево.
Од 08:30 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Маркова Река во населба Драчево, општина Кисела Вода, ќе останат без струја.
Македонија
Сончево и ветровито време, температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Во следните денови следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток и за време на викендот кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C.