Македонија
Левица: Пратениците да ја донираат првата плата
Левица силно ја поддржува иницијативата сите 120 пратеници во Собранието да ја донираат својата прва пратеничка плата за решавање на конкретни горливи проблеми во нашето општество.
„Имајќи предвид дека изминаа 30 дена од конститутивната седница во Собранието, а пратениците не заседаваа ниеднаш, сметаме дека донирањето на пратеничката плата за случаи за кои е најпотребно е единствено правилно и доблесно и ја поттикнува солидарноста и граѓанската свест“, се вели во соопштението на партијата.
За да стигнат средствата кај оние на кои тие им се најпотребни и за да се избегне нејасната ситуација со пренасочувањето на средствата од откажаните новогодишни прослави, ги поттикнуваме граѓаните активно да се вклучат и да посочат конкретни проблеми кои самите ги сметаат за најприоритетни и врз основа на тие информации – пратениците поединечно или групно да донираат за посочената цел, а за тоа транспарентно и навремено да ја информираат јавноста. Ги охрабруваме граѓаните да пријавуваат социјално загрозени семејства, деца на кои им се потребни средства за лекување и слично, предлагаат од Левица./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

