Контакт

Македонија

Легитимитетот на Владата веќе не постои, граѓаните бараат избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Од партијата ВМРО-ДПМНЕ велат дека на народот во Македонија веќе му е преку глава од порази во сите сфери на неговото живеење, дното е постигнато веќе од поодамна, а со неприфатливите измени на Уставот под бугарски диктат веќе е постигната кулминација на незадоволството.

dobivaj vesti na viber

„Поразите на Владата, освен за уставните измени, така и во економијата, здравството, образованието, правдата, стопанството и стандардот за живот, се длабоки и непоправливи, сè повеќе секој ден ако оваа гарнитура остане на власт. Оваа група од криминалци на власт, граѓаните не ги есапат, ни нивните политики, ни нивните бајати изјави, а најмалку празните зборови, кои ги верглаат секој ден во медиумите“, додаваат од партијата.

Како што велат, време е да се оди на избори.

„Инфлацијата го јаде стандардот на народот, учениците и оваа година ќе немаат учебници, судството има 1 % доверба кај граѓаните, здравството е на колена, а младите секој ден ја напуштаат Македонија, и тоа во огромен број. Време е Владата на ДУИ, подржана од СДС, да ја признае оваа реалност и што побргу да одиме на избори, преку кои новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе почне да ги решава проблемите на народот“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија

Србин фатен со фалсификувана лична карта на Богородица, полицијата го уапси

Објавено пред

Полицијата на граничниот премин Богородица вчера фати Србин кој покажал фалсификувана лична карта.

dobivaj vesti na viber

„На 13.07.2024 во 06.00 часот на Граничниот премин Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода  Н.Г.(54) од Р.Србија поради тоа што при извршена контрола констатирано било дека личната карта што ја дал на увид била фалсификувана“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Полицијата го уапси и го предаде во Полициската станица Гевгелија за понатамошно постапување.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

На граничниот премин Ќафасан уапсен Албанец баран со Интерпол, се обидел влезе во земјава

Објавено пред

53- годишник од Тирана, Албанија,  баран со Интерпол вчераутро се обидел да влезе во земјава преку граничниот премин Ќафасан. Полицијата го уапсила.

dobivaj vesti na viber

„На 13.07.2024 во 09.10  часот на Граничниот премин Ќафасан, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Р.Г.(53) од Тирана, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека евидира со мерка ’апси’ по барање на Интерпол од Р.Грција“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Уапсениот е предаден на полициските службеници во ОВР Струга за понатамошна постапка.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Патувањето на синот на Мицкоски не ја чини ништо државата, тој не е дел од делегација, СДС падна ниско штом меша деца

Објавено пред

СДС се спушти на многу ниски гранки чим си дозволи брутално да ги меша децата и најблиското семејство на премиерот Христијан Мицкоски, преку соопштение реагира ВМРО-ДПМНЕ.
„Не е малку што со години е предмет на најцрната кампања од СДС, за да сега Петровска која доживеа изборен дебакл го вмешува синот на Мицкоски. Тоа значи дека го пробија дното“, стои во соопштението.

dobivaj vesti na viber

Од ВМРО – ДПМНЕ објаснуваат дека синот на Мицкоски не е дел од официјалната делегација во НАТО самитот.

„Иако претседателот Мицкоски има право на придружен член на делегација, патувањето на неговиот син државата не ја чини ништо, односно сите трошоци се подмирени приватно од семејството на Мицокски. За разлика од времето кога премиерот на СДС Ковачевски ги донесе децата како членови на официјална делегација. Ако делегацијата сакала да сокрие нешто сигурно немаше да има фотографии од истата. Напротив се е транспарентно“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

На патувањето од ВМРО – ДПМНЕ наведуваат дека премиерот Мицкоски имал повеќе 20 средби со лидери на држави членки на НАТО, имал средба со врвот на НАТО, достоинствено ги претставил македонските интереси, и донел 2 крупни инвестициски одлуки.

Реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ доаѓа по објавата на пратеничката Славјанка Петровска во која таа го обвини премиерот Мицкоски дека на првото официјално владино патување си го зел синот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Патувањето на синот на Мицкоски не ја чини ништо државата, тој не е дел од делегација, СДС падна ниско штом меша деца

СДС се спушти на многу ниски гранки чим си дозволи брутално да ги меша децата и најблиското семејство на премиерот...

Македонија3 часа

Петровска: Мицкоски си го зел синот во делегацијата во САД, првото владино патување го претвори во семејно

Пратеничката Славјанка Петровска и поранешна министерка за одбрана од СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека на првото, официјално, владино...

Свет4 часа

20-годишниот Томас Метју Крукс е атентаторот на Доналд Трамп, Тајаната служба го застрела

ФБИ го потврди идентитетот на атентаторот кој пукаше во Доналд Трамп како Томас Метју Крукс од Пенсилванија. 20-годишниот од Паркот...

Свет10 часа

Бајден: Се молам за Трамп и неговото семејство

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е „благодарен“ што неговиот ривал Доналд Трамп е безбеден по пукањето на митинг во...

Свет10 часа

(Видео) Пукање на митингот на Трамп, поранешниот претседател изнесен раскрвавен, двајца мртви

На митингот на Доналд Трамп во Пенсилванија одекнаа истрели, објави Си-ен-ен. Поранешниот претседател и веројатен републикански претседателски кандидат во ноември...

Македонија15 часа

За само 12 дена во Македонија имало 173 поголеми пожари на отворено

За само за 12 дена, од почетокот на месец јули имало вкупно 173 пожари на отворен простор од пошироки размери....

Топ18 часа

40-годишникот им дал да пијат лекови во комбинација со алкохол – детали за случајот со децата кои завршија на Токсикологија

Скопското обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против 40-годишниот Д.Ѓ. во чијашто куќа беа најдени четворицата малолетници, од кои две...

Македонија1 ден

Стабилна е состојбата на тинејџерите кои беа најдени без свест во куќа во Скопје, користеле психотропни супстанци

Стабилна е состојбата на четворицата малолетници кои беа најдени без свет и со повреди по телото во куќа во Скопје....

Култура1 ден

Со спектакуларен настап на светски познатиот виолинист, Џулијан Рахлин, и Македонската филхармонија отворен е фестивалот „Охридско лето“

Литванскиот виолинист со светско реноме Џулијан Рахлин и Македонската филхармонија вчеравечер на Античкиот театар приредија незаборавна вечер за публиката на...

Македонија1 ден

Патничка јавно и’ се заблагодари на Македонка која и’ го спасила животот на пат кон Грција: „Застана со автомобилот и ми пружи прва помош“

„Сакам јавно да се заблагодарам на една исклучителна личност која ми го спаси животот во моментот кога ми требаше итна...

Македонија1 ден

(Видео) Со „ер тракторите“ ќе се гаснат пожарите кај Серта и бугарската граница, цела ноќ пожарникарите се бореа со огнот кај Неготино

Три ер трактори ќе полетаат во 10.00 кон пожарот на Серта а околу 15.00 ќе се упатат кон пожарот на...

Македонија1 ден

Семејство тврди дека нивното бебе било тепано на Педијатрија, Таравари најавува одговорност ако е вистина

Семејството на тримесечно бебе тврди дека детето било тепано на Клиниката за педијатрија. Министерот за здравство, Арбен Таравари изјави дека...

Македонија2 дена

Не бил киднапиран, ниту се самозапалил: полицијата го расчисти случајот со наводно киднапирање и самозапалување на момче од Скопје

СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан за кој на 04.07.2024 околу 00.30 часот беше пријавено дека во индустриска зона...

Топ2 дена

(Видео) Тешка несреќа кај Хиподром

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на излезот од Скопје, кај Хиподром. Автомобилот е речиси смачкан и се наоѓа покрај...

Македонија2 дена

Само три жени во Владата на Мицкоски значат итна потреба од субвенции за повеќе сервиси за чистење, готвење и пеглање

Владата на Христијан Мицкоски, со само три министерки, ја врати земјата децении наназад во напорите за родово изедначување. Активистите за...

Македонија2 дена

Се укинува балансерот – министерот Минчев вели дека имало злоупотреби во минатото

Укинување на балансерот најави министерот за јавна администрација, Горан Минчев, соопштувајќи дека оваа дигитална алатка во минатото била предмет на...

Македонија2 дена

Марија Срцева ќе раководи со ТОАРИЛУЦ, Берат Лена со Нефрологија во Струга, именувани нови медицински директори

Министерството за здравство информира дека министерот, д-р Арбен Таравари, денеска именува нови в.д. медицински директори на неколку јавни здравствени установи...

Македонија2 дена

(Видео) Кривична против Иљази, ја оштетила Токсикологија за речиси 660 илјади денари

Денеска, Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, Единица за корупција, во соработка со Одделот за криминалистичка полиција, поднесе кривична...

Македонија2 дена

Мицотакис ги информирал колегите од НАТО дека Мицкоски дома не употребува Северна, во Вашингтон бил примерен

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за време на прес-конференција за грчките медиуми на самитот на НАТО во Вашингтон рече дека премиерот...

Македонија2 дена

(Видео) Лажна кампања на платформи за тргување со криптовалути, граѓаните да не отвораат сомнителни линкови

Секторот за компјутерски криминал алармира за зачестена појава, каде што непознати лица преку социјалните мрежи или преку своите приватни имејл-адреси...