Контакт

Македонија

Лекарската комора не ги кажува имињата на лекарите за случајот на родилката од Дебар оти им се гарантирала безбедност

Објавено пред

Лекарската комора не ги соопштува имињата на лекарите кои направиле стручен надзор за случајот на родилката од Дебар која по породување со царски рез дома си замина без бубрег, јајчник и матка оти нивната безбедност е гарантирана за да не им се вршат притисоци.

Претседателката на Комората, Калина Гривчева-Старделова, поради многуте обвинувања во јавноста, излезе на прес-конференција за, како што рече, да ги разјасни неразјаснетите делови од нивата работа и најави дека конечна одлука за случајот на родилката од Дебар ќе донесе министерот за здравство.

„Поучени од практиката, членовите кои вршат стручни надзори имале притисоци од пациентите, од семејствата па и од колегите, затоа имињата се загарантирано безбедни. Потпис на извештајот става претседателот кој ја бира комисија која го прави стручниот надзор за состојбата, за анализата дали е направено како што треба, врз основа на медицина базирана на докази“, рече претседателката Гривчева-Старделова.

Таа не соопшти детали од извештајот за стручниот надзор на родилката оти  не ѝ биле достапни.

„Јас како претседател на Комората немам пристап до извештајот. Членови на Извршен одбор не се членови на комисијата. Не сум дел од работење на таа комисија, не сум дел од ниту една комисија. Немам увид како претседател, немам слобода да читам документ. Постои Закон за права на пациенти, само одредена група може да ги разгледа и да донесе свое мислење околу редот на нештата. Извештајот се доставува до Министерство, до барателот на стручниот надзор и до установата во која е правен“, објасни претседателката Гривчева-Старделова.

Таа како доктор, иако не утврдувала ништо во конкретниот случај, укажа дека компликации при породување со царски рез се можни и може да има медицинска потреба да се извади матката. Потпретседателот на Комората, Илберт Бесими, објасни дека пациентите пред да влезат на породување со царски ред се предупредуваат за можни компликации.

„Во медицината постојат рани и касни компликации во секоја интервенција. Можни се неколку типа на компликации. Тука никој не може да предвиди ни да каже која од компликациите може да настане. И на најобичен лек има куп работи кои може да се појават како компликации. Можни се рани и доцни компликации и тие му се предочуваат на секој пациент. Ова е генерално како медицинска постапка“, рече потпретседателот Бесими.

Работењето на лекарот Мухамед Асани во Извршниот одбор на Лекарската комора е во мирување, додека се расчисти случајот со родилката од Дебар.

Министерот Венко Филипче најави дека конечниот став ќе го каже следната недела по анализа на сите наоди што ги добиле.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Македонија5 минути

Променливо облачно време со дожд, грмежи и засилен ветер

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На некои места врнежите ќе бидат...

Свет8 часа

Масакр во Пенсилванија – девет мртви, меѓу нив две деца и бремена жена

Девет лица, меѓу кои две деца, бремена жена и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по масовно пукање во градот Ири,...

Свет9 часа

Папата против смртната казна, САД најавија погубување во живо

Папата Лав XIV денеска оцени дека смртната казна е „недозволива“, по повод Светскиот ден против смртната казна, додека САД најавија...

Забава10 часа

(Видео) Сите погледи кон Емили Ратајковски: манекенката се појави на гламурозен настан во Лондон

Американската манекенка и актерка, Емили Ратајковски, привлече внимание со своето појавување на свеченото доделување на наградите „Албис 2026“, што се...

Забава10 часа

Ума Турман се појави во јавноста по подолго време и го привлече целото внимание

Холивудската актерка Ума Турман (56), позната по улогата во култниот филм „Убиј го Бил“ (Kill Bill), привлече внимание со своето...

Спорт10 часа

Барселона незапирлива: oсум победи на осум натпревари, Хетафе испратен со три гола

Фудбалерите на Барселона ја продолжија совршената серија во шпанското првенство, совладувајќи го Хетафе со 3:0 на „Камп Ноу“ во осмото...

Забава11 часа

Грабеж на векот во Тоскана: украдени 30.000 шишиња вино вредни пет милиони евра

Најмалку седум маскирани крадци украле околу 30.000 шишиња вино, вредни пет милиони евра, од престижната винарија „Маркизи Антинори“ во Тоскана,...

Свет11 часа

(Видео) Авион заглави под мост во близина на Букурешт

Необична сцена е забележана на патиштата во Романија, каде што патнички авион што повеќе не е во употреба се заглавил...

Забава11 часа

Чарли Шин не можел да стои на нозе ниту да ги запомни репликите на последното снимање: креаторот на „Два и пол мажи“ откри детали

Креаторот на популарната серија „Два и пол мажи“, Чак Лор, откри дека актерот Чарли Шин бил во толку лоша состојба...