Македонија
„Летен кампус 2018“ – градење на мирот во постконфликтни операции
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/DSC_0019-.jpg)
Повеќе од 120 питомци и студенти од десет земји членки на НАТО и соседи од денеска до 6 јули ќе учествуваат на меѓународниот високообразовен одбранбено-безбедносен проект на Воената академија, „Летен кампус 2018“.
На отворањето на Кампусот во Центарот за обука „Пепелиште“ (Неготинско), заменик-министерот за одбрана, Беким Макусти, истакна дека станува збор за проект со кој Република Македонија демонстрира силна посветеност кон процесот на градење капацитети за справување со новите безбедносни предизвици.
„Целта на овогодишниот Кампус е да ја доближи комплексноста на идните предизвици во градењето на мирот во постконфликтните операции до оние кои ќе бидат идните мировници, но и идните цивилни политички претставници и лидери на НАТО-земјите. Ова за сите учесници е уникатна можност да се запознаат меѓу себе и заедно да работат на изнаоѓање решенија за сите предизвици во процесот на градење постконфликтен мир и безбедност“, рече Максути.
Заменик-министерот додаде дека Кампусот е одличен пример за меѓународна соработка и партнерство помеѓу земјите од регионот и пошироко, земји кои се долгогодишни партнери, посветени на изградба на квалитетен кадар.
Максути на идните офицери им порача целосно да бидат посветени на стекнувањето со нови знаења и вештини, зашто тие, заедно со креативноста, храброста, интегритетот и етиката им се и тоа како потребни на националните вооружени сили и на меѓународните организации и операции.
Летниот кампус оваа година се разликува од минатогодишните по поголемиот фокус на академскиот развој на учесниците поврзан со постконфликтните операции. Кампусот ќе се реализира во Центарот за обука „Пепелиште“ и армискиот полигон „Криволак“ со предавачи од Воената академија од Македонија, но и од Велика Британија и од Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.