Македонија
Лефков: Да кажат кој е вакциниран од власта
Вакцини нема, вакцинацијата сопрена, стоматолозите се известени бидејќи нема веќе вакцини ќе имало „краткотраен прекин на имунизацијата“ бидејќи немало веќе вакцини, изјави на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
„Не сопираат вестите во јавноста дека се вакцинирани високи функционери и владини претставници. Сомнежот е каде се вакцинирани, дали тука или во други држави. Сомнежите дека вакцинацијата се злоупотребува, поточно дека се вакцинирани и политичари од власта мора да се расчисти. Не може и не смее да нема вакцини за здравствените работници, а да има за политичарите од власта“, истакна Лефков.
Тој рече дека како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат посебно барање до собраниската комисија за здравство да побара информации од Министерството за здравство и точно да се знае кој до сега се вакцинирал против корона.
„Не е време да се кријат податоци. Апелираме на декласифицирање на податоците и расчистување на сите сомнежи. Излезете и јавното кажете кои се и колку лица се вакцинирани, ова не е работа и бројки со кои треба да се шпекулира“, порача Лефков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

