Контакт

Македонија

Лидерската средба е неизвесна, власта и опозицијата не можат да ги усогласат темите

Објавено пред

Неизвесно е дали ќе има лидерска средба помеѓу првите луѓе на најголемите политички партии, а несогласувања постојат во оснос на темите за кои би станало збор на состанокот.

Додека СДСМ е на ставот дека е најважно лидерите да седнат на маса и да разговараат за статусот на Специјалното јавно обвинителство, пописот и новиот Изборен законик, опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека треба да се разговара за предвремени избори.

Од СДСМ велат дека не бегаат од разговор и го повикуваат ВМРО-ДПМНЕ да не ги кочи процесите кои се од интерес на државата.

Опозициската партија, пак, верува дека во земјата во моментов нема амбиент за политички дијалог помеѓу власта и опозицијата и инсистира на предвремени избори.

„Потребна е политичка зрелост кај власта за да се седне и да се разговара за што поскоро организирање на предвремени избори, бидејќи изворот на сите проблеми е на Илинденска број 2“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Премиерот Зоран Заев во неколку наврати најави дека ќе го покани Христијан Мицкоски на лидерска средба.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Колевски: Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител

Објавено пред

Поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител.

Советот на јавни обвинители го стави надвор од сила решението со кое и мирува функцијата на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во гевгелиското јавно обвинителство,рече на денешната прес-конференција Ацо Колевски, претседател на Советот на јавни обвинители.

Собранието ја разреши Јанева од прв човек на СЈО пред истекот на нејзиниот мандат. Таа се наоѓа во притвор како осомничена во случајот ,,Рекет”.Во притвор за истиот случај се и осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од четврток заладување

Објавено пред

Времето утре ќе биде сончево и многу топло за овој период од годината, а од четврток нè очекува заладување. Поради високите температури, утре, по должината на Повардарјето, а во среда само во југоисточните делови, ќе биде активиран жолт метеоаларм, информира УХМР.

В среда попладне ќе дува засилен северен ветер, кој во северните делови ќе предизвика опаѓање на температурата.

Извор: УХМР

Во четврток ќе настапи значителна промена на временската состојба. Ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а дневната температура ќе опадне за осум степени.

Потоа, во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински и дневни температури. Засилен северен ветер ќе дува и в петок.

Прикажи повеќе...

Македонија

Одложени судењата за „Транспортер“ и „Траекторија“

Објавено пред

Судењата за предметите „Транспортер“ и „Траекторија“ на СЈО денеска беа одложени по барање на Државното јавно обвинителство и на специјалното јавно обвинителство.

Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Според обвинението на СЈО, обвинетите во втората половина на 2012 и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на буџетот од најмалку 155 милиони евра.

Во предметот „Транспортер“ обвинети се поранешниот битолски градоначалник, Владимир Талески, и уште 20-ина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на речиси 360.000 евра.

Во петокот беа одложени и судењата „Титаник“, „Титаник 3“ и „Тортура“ поради префрлање на предметите од СЈО во Републичкото јавно обвинителство. Тогаш обвинителката Лиле Стефанова од СЈО рече дека, најверојатно, ќе бидат одложени наредните неколку рочишта додека не се одлучи кои обвинители ќе ги водат предметите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Колевски: Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител

Поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител. Советот на јавни обвинители го стави...

Свет3 часа

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство...

Македонија3 часа

Одложено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи во февруари и во која загинаа 16 лица, беше одложено...

Економија3 часа

Во Холандија бројот на слободни работни места еднаков на бројот на невработени

Бројот на слободни работни места во Холандија на крајот на јуни бил еднаков на бројот на невработени. Стапката на невработеност...

Регион3 часа

Пожарот на Закинтос сè уште активен, во гаснењето се вклучија и авионите

Големиот шумски пожар во близина на селата Кери и Агалас на грчкиот остров Закинтос сè уште е надвор од контрола,...

Топ3 часа

Поднесено обвинение за ќерката што ја задави мајка си во Карпош

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за кривично дело убиство против скопјанката што ја задави мајка си во Карпош. Според...

Свет4 часа

ЕУ загрижена за регионалната безбедност по нападот со дронови во Саудиска Арабија

Европската Унија смета дека нападот со дронови на нафтените постројки на државната нафтена компанија „Арамко“ во Саудиска Арабија претставуваат вистинска...

Свет4 часа

Потона брод во Индија, се удавија 12 лица

Најмалку 12 лица се удавиле, а десетици се пријавени како исчезнати по несреќа во југоисточна Индија кога туристички брод со...

Регион15 часа

Седумдесет Црногорци во банка имаат по повеќе од милион евра

Во банките во Црна Гора на крајот на август депозит поголем од еден милион евра имале 71 граѓанин, соопшти Централната...

Регион17 часа

Брнабиќ и нејзината партнерка прошетаа со Парадата на гордоста низ Белград

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ прошета со нејзината партнерка на Парадата на гордоста и најави дека Белград ќе се кандидира...

Македонија18 часа

Пет лица за затруле со храна, затворен ресторанот во Брвеница

Пет лица за затруле со храна, по што е затворен ресторанот во тетовското село Брвеница, со цел да се спречи...

Македонија23 часа

Загина македонски планинар кој паднал во провалија на Олимп

При пад во провалија загина македонски планинар на планината Олимп во Грција. Според информациите, тој бил дел од деветчлена група...

Македонија1 ден

Привршуваат подготовките за рушење на дивоградбите во Охрид

За поефикасна координација на акцијата за уривање на охридските дивоградби денеска се одржа средба на градоначалнкот Константин Георгиески со министерот...

Свет1 ден

Демонстрантите во Хонгконг бараат Велика Британија да изврши притисок врз Кина

Учесниците во протестите во Хонгконг денеска се собраа пред британскиот конзулат, каде од поранешниот колонијален владател со овој регион побараа...

Македонија1 ден

Претстои недела во која Скопје ќе се фокусира на алтернативниот и еколошки транспорт

Град Скопје од 16. до 22. септември со програма која опфаќа содржини за граѓаните од сите возрасти, и годинава ќе...

Европа1 ден

Хан бара земјите членки да дадат повеќе пари за буџетот на ЕУ

Идниот европски комесар за буџет и администрација, Јоханес Хан, инсистира на буџетски план со дополнителни трошоци за земјите членки, но...

Европа1 ден

Сноуден: Нѐ следат на секој чекор

Погрешно би било подемот на политичарите како Доналд Трамп, Борис Џонсон или десничарската Алтернатива за Германија, да го гледаме само...

Култура2 дена

Отворено јубилејното 40. издание на „Браќа Манаки“

Вечерва во Битола почна 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Фестивалот го отвори претседателот на држвата,...

Македонија2 дена

Целосно завршен процесот за разрешување на Катица Јанева

Советот на јавни обвинители на вечерашната вонредна седница едногласно ја разреши специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која е третоосомничена за...

Спорт2 дена

Победнички старт за Вардар во Лигата на шампионите

Европскиот првак Вардар со победа ја започна одбраната на титулата во Лигата на шампионите. Во Монпелје, дуелот на победниците во...

Досие