Македонија
Лозановска до Владата: Само ја уназадувате Македонија, укинавте железнички линии, во здравството нема никаква инвестиција

Се укинаа термини за железничката линија Битола – Скопје – Битола, претходно беа укинати Скопје – Кочани – Скопје, нема Скопје – Белград – Скопје, зошто се прави тоа кога се знае дека е исплатлив и еколошки превоз, го праша министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, Олга Лозановска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.
„Ветувавте инклузија на децата во градинките, како и кога ќе ја спроведете инклузијата на децата во градинките, деца со атипичен развој. Родителите велат да запишат дете во градинка е научна фантастика и укажуваат дека во градинките нема соодветен кадар како логопеди и дефектолози. Прашањето ми е, како може да важат исти услови за упис на деца и со типичен и со атипичен развој“, ја праша Лозановска, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.
Лозановска укажа што се не направила Владата предводена од СДСМ, а ветувала дека ќе направи во здравството.
„Ветувавте се е и сешто во здравството, а нема ништо. Ветувавте бесплатно болничко лекување за граѓаните, инвестирање во јавните здравствени установи, зголемување на основна плата на здравствени работници за 100 проценти за да се задржат во земјава, ветувавте мрежа на здравствени установи со цел покриеност на цела територија. Ветувате и многу други работи како медицински стоматолошки и фармацевтски факултет во Клиничка болница Битола, па до каде сте со тоа“, ја праша Лозановска, заменик министерката за здравство Маја Манолева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Убиецот од Штип имал четворица помагачи, сите се oд Турција и се приведени

Четворица помагачи имал убиецот кој пукаше во кафуле во Штип.
МВР соопшти дека било пукано кон Е.О.(25) од Република Турција, по што сторителот побегнал со возило. Повредениот бил пренесен во Клиничка болница Штип каде што во 22.10 часот починал.
По преземени мерки и активности, при што бил употребен и дрон, во близина на наплатна рампа Миладиновци, полициски службеници од слобода ги лишиле К.К.(21) од Република Турција зa кој постои сомнение дека е сторител на делото, како и А.Х.(22), Т.М.(22), О.М.(29) и А.О.(28), сите од Република Турција, поради сомнение дека му помогнале на К.К. да побегне од местото.
Имено, во 22.15 часот на наплатната рампа Миладиновци, во заедничка акција на СВР Штип, СВР Скопје и сообраќајната полиција, било запрено патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, во кое биле А.Х., Т.М., О.М. и А.О., при што А.Х. се дал во бегство, а другите лица биле лишени од слобода. Набргу, по преземени мерки, тој и сторителот К.К. биле пронајдени и лишени од слобода.
Сите лица биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Македонија
Герасимовски: Со градинката Пролет поставивме нови стандарди за детска грижа во Центар

Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека е пресреќен што во еден мандат, во рок од три години е отпочнат и завршен проектот за изградба на новата градинка во населбата Пролет, што е редок пример во државата.
„Ако разгледате и направите увид и истражување во поголем дел од општините, ќе видите дека многу споро оди делот на реализација на ваков тип на проекти. Искрено сум среќен што успеавме за три години да го реализираме проектот и да ја направиме најубавата и најмодерната градинка не во Скопје, туку и на територија на цела држава. Градинката Пролет е гордоста на родителите, со оваа изградба поставивме нов стандард за детска грижа во Центар“, вели Герасимовски.
Градинката Пролет згрижува 173 дечиња во 9 занимални, на површина од 3.276 метри квадратни. Нејзината изградба почна во 2022 година во мандатот на градоначалникот Герасимовски и истата е целосно финансирана од Општина Центар во висина околу три милиони евра, без задолжување.
Македонија
Уапсен убиецот кој вчера пукаше во Штип

Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент е уапсено, информира ЈОРМ.
Пронајдено е и оружјето. Во текот на денот ќе следи постапка.
25-годишен странски државјанин е убиен синоќа во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад во Штип. Во Клиничката болница во Штип тој е донесен со неколку прострелни рани, каде што во 22.10 часот починал.