Македонија
Луѓето со попреченост дискриминирани од ПОЦ, велат од Левицата
![Димитар Апасиев](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/09/40594028_1521698227930763_754322288697933824_n.jpg)
ПОЦ ги дискриминира лицата со попреченост, тврди партијата Левица.
Левицата смета лицата со попреченост се дискриминирани поради неспособност и отсуство на политичка волја на владејачката гарнитура.
„Еден од примерите за дискриминација на лицата со попреченост е неможноста сите лица со попреченост да користат повластен паркинг во општина Центар“, изјавија од партијата.
Според правилникот на ПОЦ, лице со попреченост има право на повластен паркинг доколку тоа или близок член на семејството поседува возило, а ваквите лица често не се во состојба да возат. Со правилникот не се опфатени личните асистенти на лицата со попреченост.
„При еден ваков случај кај жена со претрпен мозочен удар одговорот што го добила од Управниот одбор на ПОЦ бил да си плати т.н. гостинска картичка за персоналниот асистент – што е директна дискриминација! Поради преголемиот трошок за паркинг, кој личните асистенти мораат секојдневно да го плаќаат при вршење на својата работа, тие се откажуваат од неа, при што директна штета трпат лицата со попреченост“, велат од партијата.
Од Левицата бараат директорот на ПОЦ, Душко Коцевски, итно да иницира мерки за промена на, како што велат, дискриминирачкиот правилник.
„Со корекција на правилникот на ПОЦ многу лесно може да се изнајде соодветно решение за проширување на лицата за повластен паркинг да може да ги користат и личните асистенти на лицата со попреченост“, велат од Левицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.