Македонија
Македонците без виза во 108 земји
Според годишната ранг-листа на „Паспорт Индекс“ (Passport index), со македонски пасош без виза може да се патува во 108 земји, што ја рангира Македонија на 40. место во светот, пренесува Агенцијата Анадолија.
Според оваа листа, најценет пасош имаат Германија и Сингапур и со нив може да се патува без виза во 159 земји. По нив следуваат Шведска и Јужна Кореја (158 земји), треторангирани се Данска, Финска, Италија, Франција, Шпанија, Норвешка, Велика Британија, Јапонија и САД (157), на четврто место се Луксембург, Швајцарија, Холандија, Белгија, Австрија и Португалија (156), петти се Малезија, Ирска и Канада (155), шести Грција, Нов Зеланд и Австралија (154), седми Малта и Исланд (153), осма е Унгарија (151), на деветтото место се Словенија, Словачка, Полска, Литванија, Летонија (150), а на десеттото место е пасошот на Естонија (149).
Во соседството и во поширокиот регион, најценет пасош имаат граѓаните на Грција (6. место) кои без виза можат да патуваат во 154 држави, потоа следува Словенија (9. место), а по неа најдобро рангирани се Бугарија и Хрватска на 14. место, со чии пасоши може да се влезе во 144 земји, 37. е Србија (112 земји), на 43. место се Турција и Црна Гора (105), 47. е Босна и Херцеговина (101) и 48. Албанија (96), а според ранг-листата, последното место од регионот го зазема Косово, со чиј пасош може да се патува во 41 држава.
На дното на листата на „Паспорт Индекс“, на која се рангирани 199 земји во светот, се наоѓаат Авганистан, Пакистан и Ирак, со чии пасоши може да се патува без виза само во дваесетина држави.
Arton Capital’s Passport Index е онлајн интерактивна алатка којашто ги собира, ги прикажува и ги рангира пасошите во светот.
Се работи за глобално рангирање на пасошите, ажурирано во моментот кога се објавуваат новите промени во однос на визите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

