Македонија
Макрадули е разрешен заради подобрување на состојбите во „Пошта“ и јакнење на менаџментот
Јани Макрадули е разрешен од функцијата генерален директор на „Пошта“ заради подобрување на состојбите во компанијата и јакнење на капацитетите на нејзиниот менаџмент, соопштија портпаролите на Владата на денешната прес-конференција.
Исто така беше прашано и за причините за разрешување на директорот на ФЗО Стево Крстевски, за што беше информирано дека дал оставка од приватни причини.
Портпаролите информираа дека на седницата Владата го разреши од должноста директорот на Фондот за здравствено осигурување Стево Крстевски, а за вршител на должноста директор ја именува Магдалена Филиповска-Грашкоска, којашто е разрешена од должноста претседател на Инспекцискиот совет. За в.д. претседател на Инспекцискиот совет Владата ја именуваше Даниела Рендевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

