Македонија
Малиот Илче од Охрид, кој беше напуштен од родителите, по десет дена лекување, ја напушти Детската клиника
По десетина дена лекување на Детската клиника, 11-годишниот Илче од Охрид, кого родителите го напуштија, ја напушта болницата здрав и заминува во мал групен дом.
„Илче од Охрид, по десеттина дена лекување и нега на Клиниката за детски болести, успеа со плеснување на рачињата и едно големо браво да се збогува со тимот лекари што се грижеа за него. Илче здрав и расположен си заминува во мал групен дом“, објави министерот за здравство, Венко Филипче.
Илче од Охрид, по десеттина дена лекување и нега на Клиниката за детски болести, успеа со плеснување на рачињата и едно…
Posted by Венко Филипче on Friday, August 7, 2020
Неговата состојба, кога беше хоспитализиран, беше тешка, пишува Филипче, а денеска со надеж дека Илче ќе има шанса за подобар живот, го испраќаме седнат расположен за игра и насмеан да влезе во новото семејство.
„Огромна почит за сите здравствествени работници, тимот психолози, дефектолози, лекарите и сестрите, кои цело време се грижеа за него“, напиша министерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

