Македонија
Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?
Јадрото во СДС продолжува да се распаѓа по катастрофалниот резултат на локалните избори, на кои освоија 120.000 гласови и само 6 општини. СДС е во тежок политички „нокдаун’’, а процесот на консолидација никако да му појде од рака на Филипче, изјави Валентон Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Информации кои од Бихачка стигнаа до нас, велат дека познат доктор и поранешен градоначалник, одбил функција во раководството на СДС, само затоа што не го смета Филипче за релевантен политичар? Дека Филипче има проблеми со консолидацијата и зачувување на онака малото членство, говори и фактот што поранешни активисти, но и функционери и поддржувачи на СДС, јавно не се поистоветуваат и со Филипче и СДС, или пак не даваат поддршка на политиките и бараат одговорност во нивната партија“, рече тој.
Манасиевски вели дека од сите страни се бараат реформи во СДС, но и оставка и одговорност од првиот човек на Бихачка, а само нему таа реалност не му одговара.
„Венко Филипче по се изгледа е задоволен од целата ситуација и сака да го донесе СДС до ниво на статистичка грешка. Им порачуваме на СДС да си преземат иницијатива за итни реформи, на Македонија и треба силна опозиција“, рече Манасивески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

