Македонија
МАН: Скандалозна е поддршката на поглаварот на ИВЗ за убиството на саудискиот новинар
Скандалозна е поддршката на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, кој во име на Исламската верска заедница и сите муслимани од Македонија ги поддржува кралот и кралското семејство на Саудиска Арабија во случајот со свирепото убиство на новинарот Џамал Кашоги, велат од Македонската асоцијација на новинарите (МАН).
„Против свирепото убиство на саудискиот новинар Џамал Кашоги се крена целиот демократски свет и го осудија сите новинарски здруженија и асоцијации во светот. Поглавар на која било верска заедница во ниеден случај не смее да релативизира ничие убиство, а најмалку свирепо убиство на новинар, мачна смрт што со денови беше криена токму од саудиското кралско семејство. Сулејман Реџепи се стави на спротивната страна од целиот демократски свет и не го осуди убиството“, се наведува во реакцијата на МАН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

