Македонија
„Маргини“: Собранието да избере стручен и независен народен правобранител
Вториот мандат на народниот правобранител Иџет Мемети истекува на крајот од 2020 година. Согласно Законот за народниот правобранител, Собранието е надлежно да покрене постапка за избор на нов народен правобранител преку објавување оглас најдоцна три месеци пред истекот на сегашниот мандат. Во пресрет на изборот, Мрежата за заштита од дискриминација бара од Собранието на оваа значајна функција да избере стручно и независно лице, со цел да се овозможат реформи во работењето на оваа институција, која со години не успева да обезбеди ефикасна и ефективна заштита на правата на граѓаните.
„Земајќи ги предвид објавите во медиумите во изминатиот период со кои различни политички партии јавно се осмелија да најават дека планираат да назначат партиски кандидати за народен правобранител, апелираме до сите пратеници и парламентарни политички партии да се воздржат од партиски преговарања и да спроведат транспарентен, инклузивен и фер процес за избор на следниот народен правобранител“, велат од „Маргини“.
Иако Народниот правобранител како институција постои повеќе од 20 години, како што велат од Мрежата за заштита од дискриминација, сè уште не успева да ги исполни меѓународно пропишаните критериуми за национални институциии за човекови права, како што се Париските принципи за статусот на националните институции за човекови права на ООН и Принципите за заштита и промоција на Омбудсманот на Венециската комисија.
„Да се има силна, независна и непристрасна институција Народен правобранител е важно и заради непречено спроведување на принципот на владеење на правото и за почитувањето на човековите права како основен предуслов за напредок во евроинтеграциските процеси. Агенцијата за темелни права на Европската Унија препорачува обезбедување поголема транспарентност при процесите на избор и нивна отвореност за најголем број кандидатки и кандидати, како и вклученост на Собранието, но и на независни актери во процесот. Дополнително, Европската комисија повторно нè потсети дека е потребно именување на членови на независните тела засновано врз заслуги со што ќе се осигура нивната компетентност и интегритет. Ова несомнено важи и за идниот народен правобранител.
Предупредуваме дека со избор на партиски кандидат за народен правобранител, а имајќи го предвид долгиот мандат од 8 години, со можност за реизбор, повторно ќе се оневозможи развој на институцијата, нецелисходно ќе се трошат буџетските средства за негова работа и граѓаните ќе продолжат да бидат лишувани од ефикасна и ефективна заштита на нивните права. Клучен предуслов за работата на Народниот правобранител е изборот на независен и на стручен кандидат“, велат од „Маргини“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
Утрово најстудено било во Берово кадешто се измерени -6 степени, -5 било во Скопје-Петровец, Струмица и Демир Капија, -4 во Битола, Велес, Штип, Кавардарци, Попова Шапка, -3 во Прилеп, -2 Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, -1 Kрушево Претор, Куманово, 0 Крива Паланка, Виница.
Висината на снежната покривка во 7 часот утрово била 25 сантиметри на Попова Шапка, 10 сантиметри во Маврови Анови и Крушево.
Времето денеска
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
Македонија
Техничката влада мора да остане, условите во општеството се како во 2016 година, велат од СДСМ
„Слободната волја на граѓаните, демократијата и фер избори не е се прашања за политички пазар. Техничката влада мора да остане. Укинувањето може да се случи во оној момент кога општеството ќе биде спремно а за тоа се неопходни реформи по европски стандарди особено во делот на правосудството“, велат од СДСМ.
„Кога ќе бидат применети сите реформски закони кои се дел препораките на ЕУ и оценската мисија, во сферата на правосудството, обвинителството, полиција, правото и правната држава, во тој момент ние како држава ќе бидеме спремни да може да се укине техничката влада.
Тоа е клучно. Дотогаш техничката влада мора да остане.
Затоа што условите во општеството се исти како во 2016 година, криминал, корупција, заробени институции, партизација, контрола врз правосудството.
После се што изнесовме во јавноста на граѓаните им е кристално јасно.
Сѐ што најавивме – се оствари. Ги разоткривме сите планови на власта и сите планирани чекори.
Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не сака дијалог, туку алиби за распишување на предвремени избори кои веќе им се договорени. Не сакаат реформи за ЕУ, туку покритие за намерна изолација на земјата.
Нека се договара ВМРО со ДУИ што сака. Ние договор можеме да правиме единствено со граѓаните. Наша обврска е власта да ја вратиме во рацете на народот“, соопштуваат од СДСМ.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Чаир и Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1550 место викано Гериз во индустриска зона Визбегово, општина Бутел;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Стојна Стевкова, како и дел од корисниците од ул. 393 во населба Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Блаже Биринчето, општина Карпош.

