Македонија
Маричиќ: Проактивностa во дијалогот со Бугарија може да даде резултат
Вицепремиерот за европски прашања и секретар за меѓународна соработка, Бојан Маричиќ, денеска беше дел од партиската делегација на СДСМ, составена од заменик претседателката Сања Лукаревска и генералниот секретар Миле Зечевиќ, која се сретна со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Теодора Генчовска.
-Имаме добра основа за дебатирање за отворените прашања со Бугарија. Двете страни имаме добра волја за постигнување резултат. Тоа е доволна причина да веруваме дека проактивноста во дијалогот може да даде успех и договор, кој во суштина ќе значи дека интересите на двете страни се обезбедени и заштитени, стои во статусот на Фејсбук на вицепремиерот Маричиќ.
На состанокот во фокус на разговорот беа односите помеѓу двете земји, процесот на европска интеграција, како и за состојбата во целиот регионот, со акцент на важноста за напредок на нашиот евроинтеграциски процес, кој е важен и за Бугарија поради новиот геополитички момент кој што се случува во Европа.
-Искрени и взаеми мора да се заложбите за добрососедство и пријателство, бидејќи нашите добрососедски односи се во интерес на двете земји но и на целиот регион, вели Маричиќ додавајќе дека пред нив е уште работа, конструктивни разговори за добивање фер, и европско решение, достоинствено за двата народи и за заштита на македонските национални интереси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

