Македонија
Маричиќ: Франција има голема шанса да го врати во живот процесот на проширување на ЕУ
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ се обрати на Годишната меѓународна конференција „Стратешки текови 2022“ на тема Европа по претседателските избори во Франција, велејќи дека нашата држава очекува пробив во процесот на пристапување во ЕУ за време на француското претседателство со ЕУ.
„Истовремено, тесно и интензивно работиме со нашиот сосед Бугарија за изнаоѓање заемно прифатливо решение за отворените прашања. Ние го направивме нашиот дел, направивме и повеќе отколку што се очекуваше досега, сега е време ЕУ да го направи својот чекор напред“, порача вицепремиерот.
Тој во своето обраќање посочи дека тековната агресија на Русија над Украина јасно покажа колку е важно да се заврши обединувањето на европскиот континент, да се направи посилен и поотпорен на какви било сегашни или идни закани.
„Ова е ставот што ние како земја го промовираме во последните неколку децении. Ова беше ставот и на актуелната Европска комисија при лансирањето на геополитичките приоритети за овој мандат“, истакна Маричиќ изразувајќи жалење што токму кризата испрати порака дека проширувањето и целосното обединување на Стариот Континент со Западен Балкан се клучни за стабилноста и безбедноста не само на регионот, туку и на целата Европа.
Според него, ЕУ е крајно време да го одржи своето ветување за земјава и да остане кредибилна и да ја потврди својата улога како глобален актер со забрзување на процесот на проширување и признавање на штетата од одржувањето статус кво, посочувајќи дека Франција има голема шанса да го врати во живот процесот на проширување преку обезбедување на одлуката за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, со одржување на првата меѓувладина конференција со двете земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

